И С Т А Н Б У Л
Истанбул - нај космополитски град во светот, град на контрасти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул ќе ве освои бидејќи е многу повеќе од само име од историјата, кај вас ќе разбуди сосема поинакви чувства, ве пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.
Термин: 28 декември 2024 | 6 дена / 3 ноќи | Aвтобус
ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ
1ден / 28.12 (сабота) МАКЕДОНИЈА - ИСТАНБУЛ
Поаѓање од повеќе градови во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните денови. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќа во агенција.
2ден / 29.12 (недела) ИСТАНБУЛ (Капали Чаршија | Аја Софија | Ортаќој | Миниатурк)
Наутро, пристигнување на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 часот. По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината. Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја) Софија. Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Во договорено време, се упатуваме кон Ортаќој. Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул. Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост. Од една страна погледот ве води кон големата Меџидие џамија, позната како Ортакој џамија. Ортакој е срцето на Истанбул и како таков е далеку од здодевен. Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат трафиционалниот специјалитет Турски компир, којшто го полните по ваш избор, од кисели краставички, пченка, маслинки до разни сосови, и да ги направат најубавите фотографии. Како што денот заминува, во вечерните часови така енергијата на Ортакој се зголемува и почнува да се шири музика од околните кафулиња и барови. Не пропуштајте да пробате од школките кои се продаваат покрај брегот. Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција. Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја. Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење. Ноќевање.
3ден / 30.12 (понеделник) ИСТАНБУЛ (Крстарење по Босфор | Балат | Таксим Плоштадот)
Појадок. По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното: Крстарење по Босфор, Ви нудиме еден час крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот локален водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ќе се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул. Балат. Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок. Таксим плоштад. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај. На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус. Ноќевање.
4ден / 31.12 (вторник) ИСТАНБУЛ (Дочек на Нова Година)
Појадок. Слободно време за одмор и подготовка за дочекот на Новата 2025-та Година. Во договорено време, со автобус се упатуваме на брод каде што ни претстои 4 часовно крстарење, и да ја дочекаме најлудата ноќ под мостот на Босфор. Во договорено време се чекаме и со патниците кои ќе одберат забава во хотел со Dj balkan party. Ноќевање.
5ден / 01.01 (среда) ИСТАНБУЛ - МАКЕДОНИЈА (Продавница Коска | Outlet "212")
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи ”KOСКА“ тука можете да си земете нешто и за дома локуми,баклави,чоколадирани ф’стаци,лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја,култура,животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија.
6ден / 02.01 (четврток) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во раните утринските часови.
Цена на аранжманот: 179€ / 11.100мкд
Промо цена: 159€ / 9.860мкд
(Задолжителна уплата од 25€ депозит за факултативни излети)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- - Превоз со високо туристички автобус;
- - Tри ноќевања со појадок во хотел 3*;
- - Посета на Капали Чаршија;
- - Посета на шопинг центар 212 Outlet;
- - Посета на турската продавница “КОСКА”;
- - Лиценциран туристички водич;
- - Туристичка такса.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- - пакет 1: Миниатурк + Ортаќој - 30€;
- - пакет 2: Крстарење по Босфор, Балат + Таксим Плоштад- 40€;
- - ВИП пакет (вклучени сите факултативи): 65€;
- - Дочек на Нова Година на брод на Босфор: Цена за пакет - 90€;
* Влезница на приватен брод на Босфор;
* Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад;
* Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад;
* Организирани и резервирани конопои за секој гостин;
* Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци;
* Вклучена храна за време на забавата;
* Изведучачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот;
* Професионално фотогафирање
+ Можност за купување на пијалоци по најниска цена. - - Дочек на Нова Година на приватна забава во хотел: Цена за пакет - 50€;
* Влезница за дочекот;
* Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад;
* Организиран превоз од хотел и назад;
* Организирани и резервирани конопои за секој гостин
* Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци
* Вклучена храна за време на забавата
* Забава со Dj balkan party
* Професионално фотогафирање
+ Можност за купување на пијалоци по најниска цена
- - Патничко осигурување.
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари;
- За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет;
- Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител);
- Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни;
- Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот;
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете;
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати;
- Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци;
- Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија;
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.