ИСТАНБУЛ
Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.
Термин: 29 декември 2024 | 4 дена / 2 ноќи | Автобус
ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ
1ден / 29.12 (недела) МАКЕДОНИЈА - ИСТАНБУЛ
Поаѓање од повеќе градови во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните денови. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќа во агенција.
2ден / 30.12 (понеделник) ИСТАНБУЛ (Крстарење по Босфор | Балат | Таксим Плоштадот)
Пристигнување на групата во Истанбул во утринските часови. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Chech in во хотелот е после 14:00 час. Во договорено време се упатуваме на Крстарење. Крстарење по Босфор, Ви нудиме еден час крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот локален водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ќе се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул. Балат. Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок. Таксим плоштад. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави. Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај. На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус. Ноќевање.
3ден / 31.12 (вторник) ИСТАНБУЛ (Капали Чаршија | Аја Софија | Дочек на Нова Година)
Појадок. По појадокот групата во договорено време со водичот се упатува на пешачка тура до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината. Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја) Софија. Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Слободно време за одмор и подготовка за дочекот на Новата Година. Во договорено време, со автобус се упатуваме на брод каде што ни претстои 4 часовно крстарење, и да ја дочекаме најлудата ноќ под мостот на Босфор. Во договорено време се чекаме и со оние патници кои ќе одберат забава во хотел со Dj balkan party. Ноќевање.
4ден / 01.01 (среда) ИСТАНБУЛ (Фабрика Коска | 212 MegaOutlet) - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да ги купите најтрадиционалните турски благи локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми, турско кафе или чај и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура,животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. Поаѓање кон Македонија.
5ден / 02.01 (четврток) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во раните утрински часови.
Цена на аранжманот: 149€ / 9.240мкд
Промо цена: 129€ / 8.000мкд
(Задолжителна уплата од 25€ депозит за факултативни излети)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- - превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
- - Две ноќевања со појадок во хотел со 3* во Истанбул;
- - посета на Капали Чаршија;
- - посета на трговски центар - 212 Outlet;
- - посета на фабриката за слатки работи Коска;
- - лиценциран туристички придружник;
- - организација и реализација на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- - пакет факултативи: Крстарење по Босфор, Балат + Таксим Плоштад- 40€;
- - Дочек на Нова Година на брод на Босфор: Цена за пакет - 90€;
* Влезница на приватен брод на Босфор;
* Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад;
* Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад;
* Организирани и резервирани конопои за секој гостин;
* Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци;
* Вклучена храна за време на забавата;
* Изведучачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот;
* Професионално фотогафирање
+ Можност за купување на пијалоци по најниска цена. - - Дочек на Нова Година на приватна забава во хотел: Цена за пакет - 50€;
* Влезница за дочекот;
* Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад;
* Организиран превоз од хотел и назад;
* Организирани и резервирани конопои за секој гостин
* Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци
* Вклучена храна за време на забавата
* Забава со Dj balkan party
* Професионално фотогафирање
+ Можност за купување на пијалоци по најниска цена
- - Патничко осигурување.
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари;
- За сингл соба се доплатуваат 30 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет;
- Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител);
- Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни;
- Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот;
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете;
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати;
- Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци;
- Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија;
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.