TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Нова Година

Нова Година / Атина

  термин: 30.12-2ноќи | 159 / 9.860мкд

 

А Т И Н А


Атина - град посветен на божицата Атина, по која го добил името, која е  и негова заштитничка. За историјата на човештвото е значајна бидејќи тука се поставени темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Но сепак, прва асоцијација при спомнувањето на Атина е Акропол со Партенон, како најголем и најзначаен храм кој доминира со Атина две и пол илјади години.  Атина е секогаш доживување, посебно во ноќните часови. Затоа ви ја нудиме можноста да ја почувствувате магијата на  грчката престолнина, што ќе го направи вашиот престој незаборавен.

 


Автобус | 5 дена - 2 ноќи / термин: 30 Декември 2025



1ден/ 30.12 (вторник)  ШТИП / ВЕЛЕС / СКОПЈЕ - АТИНА
Поаѓање од Штип, Велес и Скопје во вечерните часови. Состанок на групата на Хотел Русија во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.


2ден/ 31.12 (среда)  АТИНА
Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта Дочек на Нова Година на еден од плоштадите во Атина. Ноќевање.


3ден/ 01.01 (четврток) АТИНА - ПИРЕЈА - СУНИОН
Појадок. После појадокот се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион - нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. Сунион на 01.01.2026 е затворен, но се гледа од надвор, а погледот ќе ве воодушеви. По завршување на екскурзијата слободно време за себе, посета на познатото кафуле Little Kook и враќање во хотел. Ноќевање.


4ден/ 02.01 (петок)  АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Одјавување од хотел. Факултативна посета на Пелопонез со водич 08:00 часот. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез. Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус - родното место на Асклепии, бог - лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио - првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Слободно време. Се посетува златниот град Микена - град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон… Во договорено време се враќаме према хотел по останатите и тргаме према Македонија.


5ден/ 03.01 (сабота)  МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во раните утринските часови.


Цена на аранжманот: 179€ / 11.100мкд

Промо цена: 159€ / 9.860мкд 

**BLACK FRIDAY- 20ЕУР ПО ЛИЦЕ НА ПРОМО ЦЕНИТЕ ДО 29.11**


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • - 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*;
  • Дочек на Нова Година на плоштад во Атина;
  • Организиран разглед на градот со локален водич;
  • - Организација и водство на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Посета на Пелепонез (Нафплио, Епидариус и Микена)- 45€ *Влезниците за Епидариус и Микена не се вклучени во пакетот (Епидариус 20€ и Микена 20€);
  • - Посета на Пиреја и Сунион- 20€;
  • - Влезница за Акропол со локален водич- 40 (разглед со локален водич);
  • - Туристичка такса- 5€од лице;
  • Пакет - (Пелепонез,Пиреја, Сунион и Акропол)- 95€;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително).
  • Индивидуални трошоци.

Напомена:
- За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници;
- Доплата за синг соба;
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете;
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплата;
- Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа за два правци;
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето;
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
- За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

{uniform form=8/}

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.