А З У Р Е Н Б Р Е Г
(Фрежу - Ница - Антиб - Кан - Ез - Монако - Монте Карло) Нова Година
Термин: 28 Декември 2025 | 6 дена / 3 ноќи | Автобус
1ден/ 28.12 (недела) СКОПЈЕ
Состанок на групата во 09:00ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Денско и ноќно возење со попатни паузи.
2ден/ 29.12 (понеделник) ФРЕЖУ
Пристигнување на Азурен брег во пладневните часови. Ве водимне на прошетка низ Фрежу. Фрежу се наоѓа на половина пат помеѓу Кан и Сен Тропе, во срцето на Азурниот Брег. Градот е изграден на песочник од планините Естерел, со поглед на долините Арженс и Рејран. Има изглед на мал провансалски град. Градот се наоѓа на местото на античка поморска база основана од Јулиј Цезар околу 50 година п.н.е. и првично позната како Форум Јулиј. Неговите римски урнатини вклучуваат амфитеатар од крајот на 1 век, аквадукт и антички утврдувања. Катедралата Нотр Дам и Сент Етјен (13 век) има крстилница од 5 век. Фрежу е родно место на римскиот поет Гај Корнелиј Гал, римскиот генерал Гнеј Јулиј Агрикола и францускиот револуционерен државник Емануел-Жозеф Сиејес (1748)година. Првично мало земјоделско село, Фрежу сега е голем туристички центар со плажи, продавници и пристаништа за јахти. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.
3ден/ 30.12 (вторник) КАН - АНТИБ - НИЦА
Појадок. Препорачуваме целодневен излет кон Кан, Антиб и Ница... Започнуваме со прошека низ стариот дел на Кан: прекрасна прошетка по Кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажетик, филмската палата, плазата на фотомоделите, стариот град со тврдината... потоа посета на монденското место Антиб и кралицата на ривиерата Ница. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, можност за посета на музејот кој е единствен музеј на светот посветен на еден уметник уште во текот на неговиот живот( влезница 10€)...потоа продолжуваме со посета на Ница... Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата... Слободно време за прошетки и ручек. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
4ден/ 31.12 (среда) СЕН ТРОПЕ - МОНТЕ КАРЛО
Појадок. По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег - СЕН ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи (Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien. Во попладневните часови враќање во хотел. Слободно време за одмор и подготовка за дочек на Новата Година. Препорачуваме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет... единствено доживување. Враќање во хотел во ноќните часови. Ноќевање.
5ден/ 01.01 (четврток) ЕЗ - МОНАКО - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето...Препорачуваме посета на Океанографскиот музеј и аквариум во Монако кој е филијала на Институтот во Париз и е единствен од тој вид во светот, (влезница 25€). Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
6ден/ 02.01 (петок) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 309€ / 19.160мкд
Промо цена: 279€ / 17.300мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- - Превоз со високотуристички автобус на наведената релација;
- - Сместување во хотел Kyriad Frejus 3*, во Фрежу, на база3 ноќевања со појадок;
- - Разглед на Фрежу;
- - Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување;
- Посета на Ст. Тропе - 50€;
- Посета на Кан, Ница и Антиб - 60€;
- Новогодишна посета на Монте Карло - 50€;
- Задолжителна посета на Монако и фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (40€) ( се плаќа во агенција);
- *** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег - 180€;
- Туристичка такса во Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција);
- Влезници за културно историски споменици, музеи;
- Билети за јавен превоз;
- Доплата за еднокреветна соба - 6.900мкд;
- Доплата за избор на седиште 20€.
Напомена:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај, (Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај (ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.
