Б Е Л Г Р А Д
НОВА ГОДИНА

Tермин: 30 декември 2025 | 4 дена | 2 ноќи | Автобус
1ден/ 30.12 (вторник) ШТИП - БЕЛГРАД
Состанок на групата, во договорено време тргнување за Белград. Патниците за точно време на поаѓање се известуваат два дена пред термин. Поаѓање од Штип, Велес, Скопје и Куманово. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2ден/ 31.12 (среда) БЕЛГРАД
Пристигнување во Белград во утринските часови. Посета на шопинг центар Галерија. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње… Се упатуваме и сместуваме во хотелот во попладневните часови. Дочек на Новата Година на плоштад со луда забава и музика. По завршениот дочек се враќаме во хотел. Ноќевање.
3ден / 01.01 (четврток) БЕЛГРАД - НОВИ САД - БЕЛГРАД
Појадок. После појадокот (факултативно) посета на Нови Сад. Разглед на градот со локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн. Слободно индивидуално време во центарот на градот. Поаѓање кон Белград. Враќање во хотел. Ноќевање.
3ден / 02.01 (петок) БЕЛГРАД - ТУМАНЕ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот поаѓање кон манастир Тумане. Манастирот Тумане се наоѓа на девет километри оддалеченст од Голубовац, во подножјето на планината Голубовац, опкружен со шума, на левиот брег на реката Туманска, што му дава посебна убавина на светилиштето. Пет века по упокојувањето Преподобниот Зосим, јасно е зошто светиот подвижник го избрал токму ова место за својот осамен и молитвен живот, скриен од луѓето и потполно погодно за молитвена тишина. После посетата на Манастирот се враќаме кон Македонија. Престигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
Цена на аранжманот: 169€ / 10.480мкд
Промо цена: 145€ / 8.990мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз на наведената релација со туристички автобус;
- Организација и водство на патувањето;
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград;
- Посета на трговскиот центар Галерија;
- Посета на Манастирот Тумане.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Здравствено патничко осигурување;
- Посета на Нови Сад – 25€ по лице (задолжителна факултатива);
- Tуристичка Такса 2.50€ од ноќ по лице;
- Доплата за сингл соба;
* Сите патници кои што се пријавуваат на овој аранжман задолжително мора да ја одберат факултативата за Нови Сад.
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплата;
- За овој аранжман може да се патува и со лична карта;
- За реализација на факултативата Нови Сад потребно е мин. 35 пријавени лица;
- Трет возрасен плаќа ист износ како и останатаите две лица;
- Уплата исклучиво во денари.
Забава и инфо за клубови и ресторани во Белград кликнете овде
Новогодишна програма
За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.
