TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Автобуски програми

8 ми Март | Сокобања

термин: 07.03 - 2ноќи | 169/10.480мкд


 С О К О Б А Њ А

 

Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини - од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл. Природни и лековити фактори во Соко Бања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух.  Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал.

 

   
    


Програма на патување

Tермин: 07 Март 2025 - Автобус | 3 дена - 2 ноќи (полн пансион + свечена вечера со жива музика)

 

  

1ден/ 07.03 (петок) МАКЕДОНИЈА - СОКОБАЊА
Поаѓање за Србија воутринските часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне. Традиционален коктел за добредојде и сместување. Ручек. Краток одмор од патувањето и заминување на организирана попладневна прошетка низ поширокиот центар на СокоБања со локален водич: Mилошевиот Конак, Tурското купатило, црквата Св. Преображение… Враќање во хотел. Време за одмор. Вечера со богата музичка програма.. Ноќевање.


2ден/ 08.03 (сабота) СОКОБАЊА 
Појадок. Заминување на организирана претпладневна прошетка со локален водич до излетничкото место Лептерија и стариот Соко Град. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта, свечена 8мо мартовска вечера со жива музика и богато мени и вклучени домашни пијалоци. Ноќевање.


3ден/ 05.03 (недела)  СОКОБАЊА - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Заминување кон Македонија во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.


Цена на аранжманот: 199€  /12.340мкд

ПРОМО цена до 31 јануари  169€ / 10.480мкд
ПРОМО цена до 15 февруари  179€ / 11.100мкд


Во цената на аранжманот е вклучено: 

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;

  • 2 ноќевања со појадок, ручек и вечера во Хотел Бањица 3*;
  • Свечена 8мо мартовска вечера со жива музика и неограичени локални пијалоци;
  • Пешачка тура Сокобања, Лептрија и Сокоград;
  • Организација и придружник на патувањето.
  • Користење на базен – џакузи на хотелот со термо минерална вода

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување;
  • Индивидуални трошоци.

 

Напомена: 

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
  • Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба;
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 10 дена пред поаѓање;
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд;
  • Пасошот или личната карта треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето;
  • Трето возрасно лице во соба плаќа полн износ;
  • Избор на седиште во авобус 10€ доплата (освен првиот ред на седишта);
  • Намалување за сопствен превоз 10€ по лице.

За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.