И Т А Л И Ј А
Трст - Милано - Венеција
Автобус | 5 дена - 2 ноќи / термин: 06 март 2025
1ден/ 06.03 (четврток) МАКЕДОНИЈА - ИТАЛИЈА
Поаѓање за Италија од Штип-Скопје-Куманово во попладневните часови. Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
2ден/ 07.03 (петок) ТРСТ - ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Пристигнување во Трст во претпладневните часови. Продолжуваме со панорамски разглед на градот со посета на Понторосо, црквата Св. Спириндон, Римскиот театар, црквата Сан Антонио Нуово, плоштадот на Италијанското единство. Слободно време за индивидуални активности. Состанок со групата на претходно договореното место во пладневните часови и продолжување во еден од најпознатите шопинг центри во Европа – Палманова. Продолжуваме кон Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.
3ден/ 08.03 (сабота) ВЕРОНА - МИЛАНО
Појадок. По појадокот во хотелот групата се упатува на факултативна посета на Верона и Милано.. градот на Ромео и Јулија, плоштадот Бра, Арена, плоштадите Ербе и Сињорија, палатата и гробницата на семејството Скалијери, куќите на Ромео и Јулија. Враќање од Верона и посета на Милано. Следува разглед на градот: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот. Дуомо–катедрала софасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По слободното време, поаѓање кон Лидо.Ноќевање.
4ден/ 09.03 (недела) ВЕНЕЦИЈА - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадок, одјавување од хотел и поаѓање кон Пунта Сабиони, пристаништето каде со брод се упатуваме кон безвременскиот град на вода, Венеција. Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто… Слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време, од пристаништето во Венеција, се упатуваме кон Пунта Сабиони. Поаѓање кон Македонија со ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.
5ден/ 10.03 (понеделник) - МАКЕДОНИЈА Пристигнување во Македонија во претпалдневните часови.
Цена на аранжманот: 159€ / 9.860мкд
Промо цена до 15 февруари 139€ / 8.620мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус;
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Лидо;
- Посета на Трст и PALMANOVA Outlet центарот;
- Организација и водство на програмата;
- Лиценциран туристички придружник.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжителна посета на Венеција со брод 20€;
- Факултативна посета на Верона и Милано 50€;
- Паќет факултативи 60€;
- Патничко осигурување;
- Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотелот, околу 3€);
- Индивидуални трошоци.
Напомена:
- За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.
- Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има важност минимум 3 месеци.
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 14 дена пред поаѓање.
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
- Доплата за еднокреветна соба 70% од цената.
- Дете од 2 до 12 години добива 30% попуст.
- За уплата, исклучиво во денарска противвредност.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Медитеран и СКТМ