ИСТАНБУЛ
Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.
Термин: 06 Март 2025 | 4 дена / 2 ноќи | Автобус
ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ
1ден / 06.03 (четврток) МАКЕДОНИЈА - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање во попладневните часови. Ораганизиран превоз од повеќе Градовите: Струмица (Бензинска "Makpetrol"-кружентек), Штип (пред Стадионот), Скопје (Хотел "Континентал" ), Куманово (Бензинска "Makpetrol" - Автопат). Велес (Бензинска "Makoil" - Автопат), Неготино (Бензинска "Makpetrol"-Автопат), Гевгелија (Бензинска "Okta"-Граничен премин Богородица). Ноќно патување преку Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2ден / 07.03 (петок) ИСТАНБУЛ (Капали Чаршија | Аја Софија | Сина Џамија | Балат | Таксим | Галата Порт)
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместувањето е во хотел со 3* во областа Лалели - Аксарај. Доколку има слободни соби се сместуваме веднаш, имајки во предвид дека сместувањето, секаде е по 14 часот. По кратка пауза се упатуваме на пешачка тура со локален водич и посети на: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината Џамија изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура, Можност за попатна посета на Капали Чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриенa улицa и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25.000 до 40.000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се повисоки за разлика од останатите места и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Во попладневните часови, одиме на факултативни посети на: Балат / Таксим / Галата порт. Враќање во хотел. Ноќевање.
3ден / 08.03 (сабота) ИСТАНБУЛ (Крстарење по Босфор | Бејлербеи | Чамлиџа Џамија | Watergarden | Ортакој)
Појадок. По појадокот со автобус се упатуваме кон пристаништето Кабаташ на крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел. Шармот на Босфорот со Момината кула. 90мин крстарење завршува во Бејлербеј (летна султанска резиденција која се наоѓа под босфорскиот мост). Музеј кој е од историско значење и е одлична прилика што ја посетуваме во оваа наша факултатива. Продолжуваме со посета кон најновата, најголемата, најмодерната Чамлиџа Џамија. Можност за посета и фотографирање. Продолжуваме кон Watergarden Mall. Овде ке имаме можност да ги видиме фонтаните кој играат во ритамот на музиката кој се правени по терк на фонтаните во Дубаи. Денот го завршуваме со посета на Ортакој, највозбудливото место за фотографирање под Босфорскиот мост во вечерните часови. Место каде што го има во сцени во секоја турска серија. Враќање во хотел. Ноќевање.
4ден / 09.03 (недела) ИСТАНБУЛ (Фабрика Коска | Аквариум - Turkuazoo | Forum Mall) - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Појадок. Напуштање на хотелот. Посета Фабриката за благо КОСКА. Посетата во Истанбул не би била комплетна без турска баклава или алва. Овде цените се поефтини за разлика од останатите продавници. Пред поаѓање за Македонија одиме на шопинг во најголемиот трговски центар FORUM, во кој се наоѓа Аквариумот Turkuazoo, првиот јавен аквариум во Истанбул. Еден од најголемите аквариуми во Европа со над 15.000 видови неверојатни суштества. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење преку Грција со попатни паузи.
5ден / 10.03 (понеделник) МАКЕДОНИЈА Пристигнување во раните утрински часови.
Цена на аранжманот: 129€ / 8.000мкд
ПРОМО цена до 10 февруари 109€ / 6.760мкд
Дете до 3 години - бесплатно | Дете од 3-12 години - 55€ | Еднокреветна соба +25€
Во цената на аранжманот е вклучено:
- - превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
- - 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Истанбул (Лалели-Аксарај);
- - посета на Хоподром - Сина Џамија - Аја Софија - Капали Чаршија;
- - посета на трговски центар - FORUM каде што се наоѓа и Аквариумот Turkuazoo;
- - посета на фабриката за слатки работи Коска;
- - туристички придружник;
- - организација и реализација на патувањето.
Пакет I - 25€
- посета на Балат;
- посета на најпознатиот Плоштад Таксим;
- посета на најатрактивниот Галата Порт;
Пакет II - 85€
- крстарење со брод по Босфор (90 мин дневно крстарење по Босфор со локален водич);
- посета на Бејлербеи палата;
- посета на најновата и најголемата Чамлиџа Џамија;
- посета на Watergarden Mall;
- посета на најатрактивното место под Босфорски мост Ортакој.
Пакет од сите факултативи - 100€
- посета на Балат;
- посета на Галата Порт;
- крстарење по Босфор;
- посета на Бејлербеи Палата;
- посета на Watergarden;
- посета на Ортакој;
- посета на Чамлиџа Џамија;
- посета на Таксим Плоштад;
Напомена:
- Програма со сигурна реализација;
- Задолжителна уплата на еден од двата паќета на факултативи !!
- Доплата за избор на седиште во автобус 15€ во два правци; (освен првиот ред кој е резерваиран за персоналот)
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследотна факултативите;
- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Информации за хотелот, два дена пред поаѓање;
- Уплата исклучиво во денари.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.