Б У Д И М П Е Ш Т А
со факултативна посета на ВИЕНА - СЕНТ АНДРЕА
Термин: 06 Март 2025 / 4 дена - 2 ноќи | Автобус
1ден/ 06.03 (четврток) МАКЕДОНИЈА - БУДИМПЕШТА
Поаѓање од Штип-Велес-Скопје-Куманово во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2ден/ 07.03 (петок) БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува факултативен панорамски разглед на градот со водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта се упатуваме на крстарење со брод на Дунав, преубаво искуство под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта. По крстарењето, враќање во хотел. Ноќевање.
3ден/ 08.03 (сабота) БУДИМПЕШТА - ВИЕНА
Појадок. После појадокот, целодневна факултативна посета на Виена. Градот на кој секогаш сите му се враќаат. Панорамски разглед на Виена - булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург, дворецот Шенбрун кој се наоѓа западно од Внатрешниот град (Innenstadt - името на првата виенска област), влезницата во дворецот не е вклучена во цената. По разгледот, следува слободно време за индивидуални прошетка низ центарот на Виена, ручек, шопинг... Во договореното време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
4ден/ 09.03 (недела) БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на хотелот за посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи.
5ден/ 06.05 (понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.
Цена на аранжманот: 179€ / 11.100мкд
Промо цена: 149€ / 9.240мкд
(со задолжителна резервација на пакет факултативи од 85€)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус;
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта;
- Организација на аранжманот;
- Лиценциран туристички придружник;
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Разглед на Будимпешта со локален водич - 15€;
- Посета на Виена (влезница во дворецот Шенбурн не е вклучена) - 40€;
- Крстарење со брод по реката Дунав - 25€;
- Посета на Сент Андреа - 15€;
- Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање;
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот;
- Трет возрасен плаќа полн износ;
- Задолжително патничко осигурување.
Напомена:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.