Б У Д В А
со посета на ОСТРОГ манастир
Термин: 06 март 25 | 3 дена - 2 ноќи | Aвтобус
1ден 06.03 (четврток) МАКЕДОНИЈА - ЦРНА ГОРА
Поаѓање во вечерните часови од Штип и Скопје. Излез од Македонија на Г.П. Блаце. Се патува преку Косово, Албанија, Црна Гора со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2ден 07.03 (петок) ОСТРОШКИ МАНАСТИР - БУДВА
Пристигнување во Острог во утринските часови. Се упатуваме на утринска литургија. Околу пладне продолжуваме кон Будва. Разглед на Градот со локален водич. Во попладневните часови, сместување во приватни апартмани. Слободно време за одмор, прошетка во стариот Град на Будва или индивидуални активности. Ноќевање.
3ден 08.03 (сабота) БУДВА - ДУБРОВНИК - БУДВА
Факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од XV. и XVI. век. Прекрасен и незаборавен поглед на Островот Локрум и монденското Јадранско море… Слободно време за уживање во убавините на Градот. Во попладневните часови враќање во Будва. Ноќевање.
4ден 09.03 (недела) БУДВА - ТИВАТ - КОТОР - МАКЕДОНИЈА
Поаѓање кон Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор каде се разгледува градот со локален водич. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за ручек каде подоцна не очекува крстарење со глисери по Бока Которска. Ова крстарење е доста атрактивно, а првото место што ќе го посетиме е островот GOSPA OD SKRPELJA. Што е специфично за овој остров? Госпа од Шкрпјела е вештачки остров изграден на крајот на 15 век каде, барем според традицијата, браќата Моршиќи на 22 јули пронашле икона на Пресвета Богородица на карпа во заливот Рисан Перастчани решиле на тоа место да изградат Римокатоличка црква.храм на Богородица. Околу карпата биле фрлани камења и била изградена мала капела Секоја година на зајдисонце на 22 јули, се случува настан наречен фашинада на локалниот дијалект, кога локалните жители ги земаат своите чамци и фрлаат камења во морето, проширувајќи ја површината на островот. Ексурзијата продолжува кон Перат, мал град на црногорското крајбрежје на Јадранското Море. Познат е по живописното опкружување и богатото културно наследство и се наоѓа во Бока Которска. Како и претходните атракции споменати досега, ова место е дом на историски градби, вклучувајќи ја црквата Свети Ѓорѓи од 16 век. Во попладневните часови, поаѓање кон Македонија а попатно се зимаат патниците кои не одат на овој факултативен излет. Пристигнување во Македонија после полноќ, наредниот ден.
Цена на аранжманот: 119€ / 7.380мкд
ПРОМО цена 99€ / 6.140мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
-
- Превоз со високотуристички автобус;
- Две ноќевања во приватни апартмани во Будва;
- Разглед на Будва;
- Посета на Манастир Острог;
- Придружник за време на патувањето.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
-
- Факултативен излет до Тиват и Котор 15€ (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
- Факултативен излет до Дубровник 35€ (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
- Задолжителна туристичка такса 2€ од лице. Се плаќа во агенција;
- Патничко осигурување.
Напомена:
- - За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
- - Може да се патува и со лична карта во Ц.Гора но не и за факултативата Дубровник;
- - Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
За овој аранжман важат Општите услови на патување наСКТМ.