TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Автобуски програми

Велигден / Тоскана и Чинкве тере

 

Т О С К А Н А

со Чинкве Тере

 

 

Тоскана многумина ја сметаат за најубавиот дел од Апенинскиот Полуостров поради нејзините 120 заштитени зони со бајковита природа, прекрасни селца, а најмногу поради градовите со исклучителна архитектура, меѓу кои најпознати се Фиренца, Пиза, Сиена, Сан Џимињано и Лука кои се прогласени за дел од светското културно наследство и се под заштита на УНЕСКО.
 
Со величествената Фиренца, својата престолнина и најпознатиот симбол, Тоскана е колевка на ренесансата, на нејзиното тло од 14-16 век се раѓале нови филозофски и научни мисли, а на основите на античката култура се создале врвни книжевни, сликарски и вајарски градетелски дека кои влијаеле на уметничкиот и општествениот препород на многу европски земји. Тука престојувале најславните уметници на тоа време: Данте, Петрарка, Бокача, Фра Анџелија, Ботичели, Микеланџело, Леонардо да Винчи…

 


 Термин: 17 Април 2025 | 6 дена / 3 ноќи | Автобус

 

1ден / 17.04 (четврток) СКОПЈЕ - ИТАЛИЈА
Состанок на групата околу 11:00ч. на дрводекор. Поаѓање за Италија во 11:30ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење


2ден / 18.04 (петок) БОЛОЊА
Попатно посета на Болоња (пристигнување во зависност од попатните околности) и следува пешачки разглед на градот. Ќе имате можност да се запознаете со универзитетска Болоња – величествен средновековен град со ренесансни палати и аркади, замоците “близнаци“, плоштадот Маџоре, палатата на кралот Енца, базиликата на Свети Петрони, фонтаната Нептун… За Болоња важат епитетите – учена, црвена и дебела. Учена бидејќи тука е основан првиот Универзитет во Европа, црвена поради бојата на фасадите и крововите и дебела поради својата богата кујна. По разгледот и кратката пауза (вкупно 2-3 часа), следува поаѓање за Монтекатини. Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ Монтекатини. Ноќевање.


3ден / 19.04 (сабота) ЧИНКВЕ ТЕРЕ - ПИЗА
Појадок. После појадкот заминување на целодневна посета до најпознатите и најживописни селца на Италијанската ривиера. Разглед на регионот со водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен туристички центар. Враќање во La Spezia.Потоа се упатуваме кон Пиза, град на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.


4ден / 20.04  (недела) СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО  
Појадок. После појадокот заминување на целодневен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio. Слободно време за прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano, типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер. Ноќевање.


5ден / 21.04 (понеделник) ФИРЕНЦА - МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот, заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити…Во попладневните часoви поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. 


6ден / 22.03 (вторник)  МАКЕДОНИЈА
Планирано пристигнување во Скопје во попладневните часови.


                                                             Цена на аранжманот: 229€ / 14.200 мкд

                                                Промо цена: 189€ / 11.720 мкд (задолжителна резервација на пакет факултативи по цена од 100 евра)


Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со високотуристички автобус;
- 3 ноќевања во хотел 3* со појадок во Монтекатини, Lido Di Camiore или областа;
- Посета на Болоња;
- Организација, реализација и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 50€;
- Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi, трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич) и посета на Пиза – 50€;
- Посета на Фиренца – 30€ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
- Туристичка такса (10€ за вкупниот престој, се плаќа во автобус);
- Задолжително патничко осигурување.
- Специјален пакет на факултативи со 10 евра попуст (наместо 130 евра) по цена од 120 евра по лице – ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА!

 

 

Напомена:

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање. 
За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот.
Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
За резервации, задлолжителна уплата во денари. 
Агенцијата го задржува правото на откажување на програмата, најкасно 7 дена пред поаѓање.

 

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МЕДИТЕРАН.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.