TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Автобуски програми

Велигден 2025 | Крф

 термин: 17.04-3 ноќи149 / 9.240мкд 


К Р Ф 

 

 

 

Термин: 17 април 2025 5 дена - 3 ноќи Автобус 



1ден/ 17.04 (четврток)  СКОПЈЕ
Поаѓање од Скопје - Велес - Штип - Неготино во вечерните часови во однапред договорено време. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо на два дена пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден/ 18.04 (петок)  КРФ - ИПСОС
Пристигнување во Игумениа во утринските часови и качување на траект. Пристигнување на Крф. Сместување во апартман / хотел. Краток одмор. Хотел Silver Bay 3*, кој се наоѓа во населеното излетничко место Гувиа. Слободно време се до 17 часот, кога се упатуваме кон првите велигденски церемонии во главниот град на островот, Керкира, каде правите краток инфо разглед, за подобро запознавање со централниот дел од градот. Сите активности, поворки, манифестации се одржуваат токму во овој дел од градот. Во вечерните часови се враќаме назад кон сместувањето во договореното време со водичот. Ноќевање.


3ден/ 19.04 (сабота) КРФ - ИПСОС
Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09:00часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал на помош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга легенда пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика. Во договорено враќање во сместувањето. Во вечерните часови поаѓање кон градот Крф за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото Воскресение. На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет. Враќање во сместување. Ноќевање.


4ден/ 20.04 (недела)  ПАЛЕОКАСТРИЦА
Овој ден е предвиден за факултативната прошетка низ островот Крф. Ги посетуваме Палеокастрица, фабриката Василакис, Kaнони и палатата Мон Репос. Еден од најубавите предели на островот Крф. Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Нашите сместувања се наоѓаат на источниот брег на осторвот, а Палеокастрица е на западниот брег. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот. Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери. Потоа се упатуваме кон Канони-едно од најубавите места на островот поради незаборавниот поглед што им го нуди на посетителите. За време на посетата на Канони, ќе имаме можност да го посетиме Светиот манастир Панагија Влачерна, а исто така ќе имаме можност да пиеме кафе со панорамски поглед кон морската ширина. Последното попатно застанување со автобусоте паркот на принцот Филип-Мон Репос. Турата не би била комплетна ако како попатна дестинација не го вклучиме паркот на „Принцот Филип“, таткото на сегашниот крал на Велика Британија- Кралот Чарлс. За време на посетата на паркот ќе направиме обиколка на неколку локации, меѓу кои и куќата во која тој доаѓал често на летување. Турата е целодневна и се реализира со автобуски превоз. За време на турата имате наш претставник кој ќе ви сподели информации за самите локации. Враќање во сместување. Ноќевање.


5ден/ 21.04 (понеделник)  ИПСОС- СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 10:00ч. Пред да си заминеме кон Македонија патниците имаат слободно време низ Керкира. Во попладневните часови  го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје. Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.


 Цена на аранжманот: 199€ / 12.340мкд (сместување во hotel Silver Bay)

Цена на аражманот: 149€ / 9.240мкд (сместување во приватни апартмани во Ипсос)


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Три ноќевања во хотел Silver Bay 3* на база појадок / 3 ноќевања во приватни апартмани без храна;
  • Автобуски превоз Скопје - Крф - Скопје;
  • - Повратен билет за траект на релација: Игуменица-Крф-Игуменица;
  • - Комплетно следење на програмата за Велигден во градот Крф (превоз и водство до прославите во градот Крф);
  • - Туристички придружник/водич за време на престојот и патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Посета на Палеокастрица, Канони, Mon Repos, фабрика за локални органски производи - 50€;
  • - Туристичка такса – 5/6 од ноќ од соба;
  • - Задолжително патничко осигурување;
  • - Индивидуални трошоци.

Напомена:
- Патниците при уплата се изјаснуват за користење на екскурзиите.
- Поаѓање од Штип,Скопје,Велес,Неготино во однапред договорено време во вечерните часови.
- За деца од 3 до 12 години се плаќа 50% од цената на аранжманот. Еден возрасен и дете од 3 до 12 години, за детето се плаќа 70% од цената на аранжманот.
- За деца со полни 12 години се плаќа цела сума.
- Сместувачкиот капацитет располага со 1/2 и 1/3 соби
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.