И Т А Л И Ј А
Венеција - Милано
Термин: 17 Април 2025 | 5 дена / 2 ноќи / Автобус
1ден/ 17.04 (четврток) СКОПЈЕ
Состанок на групата на паркингот кај хотел Русија во 16.30 часот. Поаѓање за Италија во 17.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
2ден/ 18.04 (петок) ПАДОВА
По ноќното возење, пристигнување во Италија во утринските часови. Првиот град кој ќе го посетиме во програмата е неодоливата Падова. Град каде се спојуваат две култури, пресекот помеѓу венецијанската и миланската култура. Град кој ќе сакате повторно да се вратите, а секако ќе имаме околу 3 часа токму во најубавиот централен дел на Падова. Ќе имате прилика да прошетате на плоштадот Pratto della Valle, ќе ја видите саат кулата на Piazza dei Signori, познатата катедрала на Падова, Регионалната палата, ботаничката градина. Бидејќи самиот град е спој на минатото и сегашноста, во непосредна близина на центарот има и шопинг центар кој може да го посетите. Во договореното време, се упатуваме во хотел, кој е лоциран на 15 километри од Падова. Ноќевање.
3ден/19.04 (сабота) МИЛАНО
Појадок. По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Милано… Замокот Sforzesco, Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano. По разгледот на градот со локалниот водич, слободно време за индивидуална прошетка низ градот на модата, можност да пробате некој од локалните специјалитети, како што се миланското рижото, познатото џелато, панцерота, тестенини или пица во големиот број ресторани сместени во преубавиот центар на градот, и секако да направиме шопинг на Via Torino. Во попладневните часови поаѓање назад кон хотел. Ноќевање.
4ден/ 20.04 (недела) ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок. По појадок во хотелот, одјавување и поаѓање кон Пунта Сабиони, пристаништето каде со брод се упатуваме кон безвременскиот град на вода, Венеција. Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто… Слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време, од пристаништето во Венеција, се упатуваме кон Пунта Сабиони. Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.
5ден/ 21.04 (понеделник) - МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во пладневните часови.
Цена на аранжманот: 179€ / 11.100мкд
Промо цена: 149€ / 9.240мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус од Скопје;
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*;
- Посета на Падова;
- Организација и водство на програмата;
- Лиценциран туристички придружник.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжителна посета на Венеција со брод и локален водич – 35€;
- Факултативна посета на Милано со локален водич – 55€;
- Патничко осигурување;
- Туристичка такса (околу 5€ се плаќа на рецепција во хотелот);
- Индивидуални трошоци.
Напомена:
- За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.
- Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има важност минимум 6 месеци.
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 14 дена пред поаѓање.
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
- Доплата за еднокреветна соба - 40€.
- Доплата за дете до 12 години – 129€.
-Трансфер од Битола, Прилеп и Гевгелија – 10€ по лице.
-Трансфер од Штип, Неготино, Кавадарци, Велес – 5€ по лице.
- За уплата, исклучиво во денарска противвредност.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Медитеран и СКТМ