К О П А О Н И К
НОВА ГОДИНА
Термин: 30 декември 2023 | 4 дена / 2 полни пансиони + 1 полу пансион со 2 свечени вечери | Автобус
1ден/ 30.12 (сабота) СКОПЈЕ - КОПАОНИК
Состанок на групата од пред Дрво Декор во 06:30 часот. Поаѓање кон Kопаоник во 07 часот со попатни паузи. Пристигнување во Брзече и сместување во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
2ден/ 31.12 (недела) КОПАОНИК ***ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА 2024***
Појадок. По појадокот за љубителите на зимскиот спорт имаат можност за опционална посета на скијачките центри каде се познатите кафулиња , салаши и ресторани. Заминување кон Копаоник и запознавање со неговите убавини. Организиран превоз со шатл-бус до центарот на Копаоник. Moжност за скијачите превоз со гондола на оддалеченост од 300м од хотелот - Бела река која води до Мали Караман со купена ски карта) Во договорено време со водичот, враќање во хотел. Припрема за новогодишната вечер. Свечена вечера со музика и забава со локален бенд. Ноќевање.
3ден/ 01.01 (понеделник) КОПАОНИК
Појадок. По појадокот, слободни активности или можност за факултативна посета на скијачките центри и уживање во убавините на Копаоник со шатл бус. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време. Реприза на свечена вечер и музика. Ноќевање.
4ден/ 02.01 (вторник) КОПАОНИК - СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 199€ / 12.340мкд
За уплата до 01.11.23: 180€ / 11.160мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- - Сместување во www.kopapartmani.co.rs;
- - Превоз со високотуристички автобус;
- - 2 полни пансиони , 1 полупансион и 2 свечени вечери 31.12 и 01.01 со музика;
- - Пратител на време на патувањето;
- - Oрганизација и водство на патувањето.
- - Трансфер со шатл бус со скијачкиот центар Копаоник на 01.01.2024.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- - Индивидуални екскурзии и дополнителни индивидуални барања и трошоци;
- - Деца од 5 до 9 години плаќаат 140€ и ги користат сите услуги за Нова Година;
- - За сопствен превоз се одбива 10€ од цената;
- - Трансфер со шател бус до скијачките центри на Копаоник на 31.12.2023 – 5€;
- - Жичара-Бела река до Мали Караман гондола;
- - Патничко осигурување;
- - Туристичка такса се плаќа на рецепција 1€ од ден по лице.
Напомена:
- Може да се патува и со лична карта;
- Секој програм е креиран со посебни услови;
- Цената на аранжманот е пресметана на минимум 40 лица (автобус).
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 7 дена пред терминот за патување. Или доколку се согласи групата се зголемува цената во зависност на број на патници колку се пријавени;
- 2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање;
- Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа (пасош не постар од 3 месеци по враќање од патувањето или со лична карта) уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот;
- Аконтацијата се уплака: 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено;
- Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени;
- Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот;
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10 €, а дополнително седиште во автобус 25€ ова важи само кога е организирана група со автобус;
- Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена такса, копнен сообраќај, додатен багаж).Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција;
- Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.*Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж, во спротивно возачот на превозното средство има право да го острани или да го наплати дополнително. Се информираат патниците доколку носат ски опрема да пријават во агенција поради типoт на автобусот кои ќе ги вози;
- Поради густиот сообраќај или зимската сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме;
- Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото;
- Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет. *Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите;
- Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич);
- Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата застој во сообраќај, локални штрајкови, снег на пат, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата;
- Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените да ги зголеми и намали цените, плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 мкд.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.