TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

Нова 2024 Година | Виена

термин: 29.12-2ноќи | 199 / 12.340мкд

 

В И Е Н А


Виена за време на Новогодишните празници нуди прекрасна програма со возбуда во текот на денот и ноќта. На 31-ви декември, стариот град на Виена центарот го претвора во огромна забавна зона. Најголемата забава е загарантирана на Патека на Нова Година по чијашто должина десетици гастрономи Ви служат пунч и разни специјалитети. Виена украсена со хумористични забави, шоу програми, валцер, музика од секаков жанр, пловење по Дунав претставува вистинско уживање.

   

  
Термин: 29 декември 2023 / 5 дена - 2 ноќи | Автобус

 

1ден/ 29.12 (петок)  СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок на групата во 13:30 часот и поаѓање за Виена во 14:00 часот од Дрводекор. Се патува преку Р.Србија и Р.Унгарија со кратки попатни паузи за царински формалности и одмор.


2ден/ 30.12 (сабота) ВИЕНА PARNDORF OUTLET 
Пристигнување во Parndorf во претпладневните часови каде што ќе има слободно време за шопинг. Единствен трговски каде има попусти од 30% до 70% преку целата година. Armani, Prada, Hugo Boss, Gucci, Guess, Mango, Diesel се само дел од 170те продавници во овој мол. Во договорено време, патувањето го продолжуваме кон Виена. Сместување во хотел. Факултативен разглед на градот со туристички водич: Операта, Палатите на дворецот Хофбург, Музејот на модерна уметност, Парламентот, Градското собрание, Рингштрасе, дворецот Белведере, катедралата Св.Стефан и Стефанплац. По разгледот, враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.


3ден/ 31.12 (недела)  ВИЕНА - ШЕНБРУН - ***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2024***
Појадок. По појадокот можност за организирана факултативна посета на внатрешноста на дворецот Шенбрун и негов разглед со водич и вклучена влезница. Најпознататата кралска палата во светот. Еден од најважните културни споменици во Австрија и до 1960 година бил една од најголемите туристички атракции во Виена. Дворецот и градините ги илустрираат вкусовите, интересите и аспирациите на сукцесивната Хабсбуршка династија. Слободно време за посета на паркот на дворецот. По разгледот, посета на Дунавската кула која е висока 150 метри и овозможува прекрасен панорамски поглед на Виена. Враќање назад во хотел. Во договорено време, се упатуваме на Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад, можност за уживање на плоштадот или индивидуално во некој од баровите. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.


4ден/ 01.01 (понеделник)  ВИЕНА -  МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Слободно иднивидуално време. Во договорено време, поаѓање кон Македонија. 


5ден/ 02.01 (вторник)  СКОПЈЕ   
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.


Цена на аранжманот: 219€ / 13.580мкд

Промо цена: 199€ по лице со задолжителен пакет факултативи - 85


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус;
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Виена;
  • Професионален туристички придружник за време на целото патување;
  • Организација и реализација на програмата;
  • Посета на  Parndorf outlet center.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: 

  •   Влезница за дворецот Шенбрун  50€  (влезница + локален водич + превоз);
  •   Разглед на Виена со локален водич 15;
  •   Дунавска Кула 25;
  •   Доплата за избор на седиште во автобус 20;
  •   Задолжително патничко осигурување;
  •   Туристичка такса 2.5€ по лице по ноќ ( се плаќа во агенција);
  •   Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата.

Напомена:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници;
За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот;
Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот;
Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62мкд;
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање;
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање;
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди час и место на поаѓање;
Валидност на пасош од минимум 3 месеци.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.


 

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.