TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

Нова 2024 Година | Херцег Нови

термин: 29.12-2ноќи | 249 / 15.440мкд

 

ХЕРЦЕГ НОВИ

 

Во малиот рај на Црногорското приморје каде чудно е како и сонцето заоѓа кога ваква убавина никаде нeма да најде. Има нешто посебно во неговите камени скали и испреплетени улици во кои цела зима цветаат рози, има нешто меѓу двете синила- морското и небесното. Тука, помеѓу звукот на огнометите над хоризонтот на Херцег Нови, посакајте си Среќна Нова...

   

  
Термин: 29 декември 2023 | 4 дена - 2 ноќи | Автобус

 

1ден/ 29.12 (петок)  СКОПЈЕ - ЦРНА ГОРА
Во 20:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 22:00 часот од Скопје. Поаѓање кон Црна Гора. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.


2ден/ 30.12 (сабота)  ХЕРЦЕГ НОВИ
Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив... сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. Сместување на групата во хотелот „Palmon Bay Hotel&Spa“4+(https://www.palmonbayspa.com) во Игало, едно од осумте туристички места низ кои се простира целата Херцегновачка ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која го враќа балансот на природните минерали и соли во телото. Ноќевање.


3ден/ 31.12 (недела)  ХЕРЦЕГ НОВИ ***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2024***
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во текот на целиот ден на повеќе места на отворено ќе бидат организирани дневни журки со настапи на популарни музичари. Слободно попладне за користење на базенот и спа центарот во хотелот. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година со свечена вечера и музичка програма во живо. Ноќевање.


4ден/ 01.01 (понеделник)  ХЕРЦЕГ НОВИ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Слободно време за целосна релаксација и опуштање во благодетите на минералната лековита вода во базенот и во спа центарот. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во раните утринските  часови во вторник, на 02.Јануари. 


Цена на аранжманот: 249€ / 15.440мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:
Превоз со туристички автобус;
Две ноќевања со појадок  во хотелот Palmon Bay Hotel&Spa“4+во Игало(сместување во стандардни соби со поглед во двор);
Свечена новогодишна вечера со музика во живо;
Користење на базенот и спа центарот во хотелот;
Организиран разглед на Херцег Нови со лиценциран туристички водич;
Организација на патувањето и туристички придружник.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: 
Пијалоци за време на свечената вечера;
Доплата за еднокреветна соба-65 евра (за двете вечери);
Туристичка такса – 1,50 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата);
Патничко осигурување.


Напомена:
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патници.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.


 

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.