Л У Т Р А К И
Tермин: 8 Декември | 3 дена - 2 ноќи | Автобус
1ден/ 08.12 (петок) СКОПЈЕ - ЛУТРАКИ
Состанок на групата во 04:00 часот пред Дрво декор, заминување кон Лутраки. Пристигнување во Лутраки во пладневните часови. Одмор и слободен ден за прошетка или капење во базените со минерална вода. Факултативна вечера во ресторан. Апартманско сместување. Ноќевање.
2ден/ 09.12 (сабота) ЛУТРАКИ
Заминување кон термалните води-базен. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3ден/ 10.12 (недела) ЛУТРАКИ - СКОПЈЕ
Одјава од апартманите во 10 часот и заминување кон Воден кадешто се наоѓа водопадот Керано со прекрасен уреден парк кој нуди бројни погодности за сите гости. Заминување во попладневните часови кон Скопје.
Цена на аранжманот: 120€ / 7.440мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус/минибус на наведената релација;
- Сместување во апартмани Alexandros (2 ноќевања);
- Пратител на групата;
- Посета на Воден;
- Превоз до базенот еднократно наутро одење и попладне враќање.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување;
- Влезници за бањите;
- Факултативна вечера;
- Индивидуални трошоци.
Напомена:
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
Целосна уплата на аранжманот е 14 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд;
Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.