Вила "Tzouli 2" - Јерисос |
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која се простира до бесконечност па можете да шетате неколку километри пред да Ви исчезне песокот од под стапалата.На плажата која има Сино Знаме за чистота мноштвото дрвја им прават природна ладовина на туристите, а жедта од сонцето можете да ја угасите во неколкуте барови кои се распослани во линија на морскиот брег. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami. Kakoudia е вистинско чудо на природата, се наоѓа на 1,5 км од Јерисос и ја карактеризираат карпи кои се издигнуваат и до десетина метри од плажата. Ksiropotami е сосема дива плажа, оддалечена 6 км од Јерисос и место за љубителите на мирот и спокојството-без многу туристи, без барови и музика-само песок и бистро море кое секогаш е мирно, дури и кога во Јерисос водата умее да се разбранува. На 6 км од Јерисос се наоѓа местото Каково, или Мило Арсеница каде имаат пристап и жените. Манастирот е имот на српскиот манастир Хиландарна Света Гора, има околу 2000 хектари шума и сопствена пилана, езеро со рибник, маслинки...Според прикажувањата, Хиландар го добил овој имот пред многу векови од еден турски бег кој не можел да има деца. Со помош на неколку зрна грозје од чудотворната лоза која веќе осум века расте и раѓа на гробот на Свети Симеон на Хиландар турскиот бег добил добил наследник. Во знак на благодарност сакал својот син да го подари на манастирот, но кога монасите го одбиле,тој им го дарувал имотот кој имал преку 2000 хектари површина. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амоулиани.
Вила “Tzouli 2” се наоѓа на одлична местоположба, на само 50 метри од плажа, во многу мирен дел.
Вилата располага со студио и апартман (од кои апартманот е во понуда). Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има сопствен паркинг пред вилата.
1/4+1 апартман број 2 – апартманот се наоѓа на прв кат, истиот има влез од надвор. Има пространа голема тераса со лимитиран поглед море. Има голема дневна со целосно опремена кујна, сопствен тоалет и пристоен мебел, брачен кревет во спална и 2 стандардни + 1 на извлекување со кујна. Се препорачува за семејства со деца.
ВОНСЕЗОНСКИ ЦЕНИ
"Tzozuli 2" Јерисос |
термин | МАЈ | ЈУНИ | СЕПТЕМВРИ | ||||||
26 | 02 | 09 | 16 | 23 | 01 | 08 | 15 | 22 | ||
бр. ноќи | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | |
1/4+1 апартман бр.2 | 129 | 149 | 189 | 239 | 249 | 239 | 209 | 159 | 129 | |
Напомена: Задолжително плаќаат 2 лица |
СЕЗОНСКИ ЦЕНИ
"Tzouli 2" Јерисос |
термин | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | ||||||
30 | 07 | 14 | 21 | 28 | 04 | 11 | 18 | 25 | ||
бр. ноќи | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | |
1/4+1 апартман бр.2 | 579 | 609 | 639 | 639 | 639 | 639 | 639 | 639 | 619 |
НАПОМЕНА
-
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ.
- Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцјата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.