TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

ЛЕТО 2024 / Вила Soula - Јерисос

 

 Вила "Soula" - Јерисос

 

 

Вила “Soula” се наоѓа на одлична местоположба, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со четири студија и два апартмани. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Вилата има сопствен уреден двор и паркинг веднаш пред вилата. Апартманите и студијата се опремени со мала стандардно опремена кујна со сите потребни елементи, додека во апартманите има големи фрижидери и голем електричен шпорет со рерна. Сите имаат клима уред, ТВ и располагаат со стандардни тоалети со туш.
Апартманите (бр. 1 и бр. 2) и студио (бр. 6) се на високо приземје, а останатите студија (бр. 3, 4, 5) се на кат. Сите располагаат со сопствена тераса опремена со маса и столови, освен студиото бр. 6 кое има сопствен уреден и заграден двор со маса и столови.
Апартман бр. 1 (1/4+2) – 4 лица + 2 високо приземје. Простран апартман со брачен кревет во спална соба, две софи на извлекување во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столови, клима уред и телевизор. Апартманот има сопствен тоалет со туш. Од кујна се излегува на тераса со страничен поглед море и истата е опремена со маса и столови.
Апартман број 2 (1/4+1) – 4 лица + 1  високо приземје. Простран апартман со брачен кревет во спална соба, една софа на извлекување и едно стандардно легло во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столици, клима уред и телевизор. Сопствен тоалет со туш. Од апартманот се излегува на голема заедничка тераса, која е опремена со маса и столици.
Студио број 3 (1/2) прв кат. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува на тераса со поглед позади кон дворот, која е опремена со маса и столови.
Студио број 4 (1/2) втор кат. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот на студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.
Студио број 5 (1/2) втор кат. Студиото располага со 1+1 стандарден кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот на студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.
Студио број 6 (1/2) високо приземје. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува во сопствено дворче кое располага со маса и столови.     GPS Coordinates:  40.400484, 23.878998

 

   

 Early booking  

-7% за вон сезонски термини и 15% за термини во сезона | 50% уплата до 24.02.24 | 50% доплата до 06.04.2024 

 

ВОНСЕЗОНСКИ ЦЕНИ 

"Soula"
Јерисос
термин  МАЈ ЈУНИ СЕПТЕМВРИ
26  02 09  16 23 01 08 15 22
бр. ноќи  7 7 7 7 7 7 7  7 7
1/4+2 APT број 1 и 2
плаќаат мин. 3 лица
99 119 149 179 189 179 149 119 99
1/2 СТД број 3 и 6
плаќаат мин. 2 лица
99 119 149 179 199 189 149 139 99
1/2 СТД број 4 и 5
плаќаат мин. 2 лица
89 109 139 169 179 179 139 119 89

 СЕЗОНСКИ ЦЕНИ

"Soula"
Јерисос
термин  ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ
  30   07 14 21 28 04 11 18 25
бр. ноќи  7 7 7 7 7 7 7  7 7
1/4+2 APT број 1 и 2 599 629 669 669 669 669 669 669 649
1/2 СТД број 3 и 6 439 459 499 499 499 499 499 499 479
1/2 СТД број 4 и 5 409 429 449 449 449 449 449 449 439

 


 

  • НАПОМЕНА 

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица
  • Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман и студио ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз. 
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност 1€=62 мкд.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • При резервација, задолжителна уплата од мин. 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање. Во случај на откажување, уплатениот износ НЕ се враќа.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. Позавршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

  • ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ 

  • - Доплата за превоз: 50€ за возрасни / во еден правец 40€  /  40€ за деца до 12 год./ во еден правец 35€, Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
  • - Доплата за патничко осигурување;
  • - За уплата на на два аранжмани 7+7 ноќи, одобруваме 7% попуст на втора смена;
  • - Доплата на 1,5€ туристичка такса (се наплаќа во агенција) од ден по соба.

  За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Медитеран.


Погледнете останата понуда | ХАЛКИДИКИ

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.