TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

ЛЕТО 2024 | СКИЈАТОС

 

 

С К И Ј А Т О С  

 

На само 400 км.оддалеченост по копнен пат и 2,5 часа со траект се стигнува до прекрасниот кристално чист остров Скиjатос. Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите  Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скиjатос е со површина од околу 50 км2 има преку 50 плажи со извонредна забава за млади. Плажите Кукунариес, Агиа Параскеви, Трулос, Мегали Амос,Дијамант Бич, Лаларија и многу други оставаат простор за повторно навраќање и убави спомени. Градот Скиjатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици со брендирана гардероба, кафетерии и дискотеки испреплетено со многубројни туристи од цела Европа, ќе ве опушти и направи задоволни и чекор понапред од сите.

 

Вила "Pavlos" - Скијатос
 

Вила Павлос се наоѓа во мирниот дел во градчето Скијатос, на само неколку минути пеш од популарниот мал аеродром на островот. Ова урбана вила ќе ви даде нова дефиниција за тоа како треба да изгледа вашиот летен одмор. Главниот влез на вилата е уреден со огромни палмови дрвја, медитерански цвеќиња и тревник, а дворот на вилата Павлос каде воедно се наоѓа и базенот е изолиран одлично изолиран за да може да уживате во тишината и спокојот. Вилата е идеална за луѓе кои бараат модерен, нов и несекојдневен начин на летување. Туристи кои ќе го посетат Скијатос се со цел да го почувствуваах духот на островот, да ги истражат песочните плажи и да ја проучат културата на градот. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на првиот спрат. Од дел од студијата може да се набљудува морето, а останатите нудат погед кон пејсажниот остров. Студијата се опремени со мини кујна за подготовка на лесни оброци,фрижидер, прибор според бројот на гости, ТВ, плакар, тераси со столчиња и маса и Wi-Fi. Пред самата вила може да се паркираат автомобили за туристите кои ќе го посетат островот со сопствен превоз. Вилата има и своја рецепција и лице кое е одговорно за гостите. Нашиот организиран транспорт ги остава патниците пред самата вила, а од каде ги презема за враќање назад. 

    

"Pavlos" 
Скиjатос
термин  МАЈ  ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ     СЕПТЕМВРИ 
30  06 13 20 27 04 11 18 25 01 08 15 22 29 05 12 19
бр. ноќи  7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
 1/2 и 1/3 студио        
133 147 161 185 233 272 308 308 308 308 308 308 272 240 187 157 133
ПРОМО цени 113 125 137 157 198 231 262 262 262 262 262 262 231 204 159 133 133

 


Во цената на аранжманот е вклучено:

-7 ноќевања  – 8 дена во вила Павлос
-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот
-Цените се изразени по лице за 7 ноќевања


 Во цената на аранжманот  не е вклучено:

-Траект на релација:  Волос-Скијатос -Волос се плаќа во автобус 36€ по лице
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 5€ од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
-Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) уплата на лице место во вилите
-Секој патник седи во автобус според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице


 

Хотел  "Belvedere" - Скијатос

 

Хотелот се наоѓа на 150 метри од прекрасната песочна плажа Ахладис, што го прави одлично место за одмор и рекреација! Хотелот нуди двокреветни соби и семејни бунгалови во срцето на Скијатос. Откако ќе пристигнат на пристаништето на Скијатос, гостите на хотелот имаат организиран трансфер до хотелот, и назад на денот на заминување. Хотелот се состои од главна зграда и бунгалови до кои се стигнува по посебно наменети скали (околу 50 скали) за полесен пристап. Хотелот исто така има служба која го пренесува багажот од рецепција до бунгаловите на патниците кои се сместени во истите. Хотелот има сопствен базен покрај кој ќе можете да уживате во вечерните часови со вашиот омилен пијалок и друштвото за добар муабет. Главната причина која не натера да го закупиме хотелот е местоположбата на објектот, кој од едната страна е планина, а од другата страна е морето, што е нешто кое му е најпотребно на секој за добар релаксиран одмор. Собите на хотелот се светли и пространи, дел од нив се во сино-бела нијанса што асоцира на морската ширина. Дел имаат поглед кон морето, а дел се со поглед кон планината. Веднаш наспроти хотелот има супермаркет, а по самата главна улица која води до плажата Кукунариас и до градчето ќе најдете голем број на ресторани и таверни. Градчето на Скијатос е на само 10 минути со автобус, кои автобуси ги има постојано.

 

    
    

"Belvedere" 
Скиjатос
термин  МАЈ  ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ     СЕПТЕМВРИ 
23 30 06 13 20 27 04 11 18 25 01 08 15 22 29 05 12 19
бр. ноќи  7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
1/2 Bunaglow
Sea view

145 165 205 255 295 350 410 440 440 440 440 440 440 440 385 315 245 185
  1/2 Standard room
Garden view
160 180 220 270 310 365 425 455 455 455 455 455 455 455 400 330 260 200
  1/2 Standard room
Sea view
175 195 235 285 325 380 440 470 470 470 470 470 470 470 415 345 275 215

  


Во цената на аранжманот е вклучено:

-7 ноќи со појадок  – 8 дена во хотел Belvedere
-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот
-Цените се изразени по лице за 7 ноќевања


 Во цената на аранжманот  не е вклучено:

-Траект на релација:  Волос-Скијатос-Волос се плаќа во автобус 36€ по лице
-Патничко осигурување  -Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 5€ од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
-Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
-Секој патник седи во автобус според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице


Напомена:
За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
За споен термин се сметат две суми од промо цените.
За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +50% од редовната цена.
Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
За споен термин се одбива 15€ за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секоја среда. Четврток е првото ноќевање.
Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
За резервација, задолжителна уплата од минимум 30%.
Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време / Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
Цените се изразени во евра,  уплатата е во денарска противредност 1€ = 62мкд.
Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 09:00ч по локално време.
Студиото кое се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ. 

 Погледнете останата понуда / острови

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.