Л У Т Р А К И
Tермин: 30 Декември 2023 | 3 дена - 2 ноќи | Автобус
1ден/ 30.12 (сабота) СКОПЈЕ - ШТИП - ЛУТРАКИ
Тргнување од Скопје/Штип во раните утрински часови. Патување кон граничниот премин Грција каде што после царинските формалности се упатуваме кон Солун. Слободна прошетка и шопинг во ИКЕА/КОСМОС. Продолжуваме понатау кон Лутраки. Пристигнување во Лутраки и сместување во апартмани (A категорија), кои се опремени со парно греење, сопствено купатило, ТВ и кујна. Слободно време. Ноќевање.
2ден/ 31.12 (недела) ЛУТРАКИ ***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2024***
Посета на минералните бањи, можност за уживање во топлите минерални води на отворените и затворените базени. Слободно време. Вечерта, Новогодишна вечера во најпознатиот ресторан во цела област “KALOFAGAS” кај газда Митре, надалеку познат по приготвувањето на јагнешки специјалитети под вршник. Ноќевање.
3 ден/ 01.01 (понеделник) ЛУТРАКИ - ВОДЕН - ШТИП - СКОПЈЕ
Во договореното време поаѓање кон Воден. Пристигнување во Воден - градот на водопадите и прекрасните градини познати во цела Грција. Најголемиот водопад познат како Керанос паѓа од 70 метри висина. Слободно време за разглед на паркот и водопадите како и за гиро и фрапе во некој од многуте ресторани. Во попладневните часови враќање кон Македонија.
Цена на аранжманот: 97€ / 6.010мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус;
- 2 ноќевања во апартмани “А” категорија;
- Водство и реализација на програмата со придружник од агенцијата.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување;
- Новогодишна Вечера кај газда Митре - 35e/2170 мкд.
Напомена:
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.