Апартхотел "Lazaridis" - Неа Рода |
Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено... Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.
На околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос се наоѓа хотелот од апартмански тип „Lazaridis“ каде располагаме со двокреветни и трокреветни студија (со помошен кревет на расклопување) на високо приземје и прв спрат. Веќе неколку години по ред гостите кои летуваат во овој комплекс се презадоволни од комплетната услуга. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартхотелот „Lazaridis“ има рецепција, сеф, снек бар и прекрасна тераса која можат да ја користат гостите, а нуди и можност за хотелски појадок (со доплата на рецепција). До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа „Voulitsa“ која уште на првата средба ќе ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). Исто така на 4,5 км. од хотелот се наоѓа и фантастичната песочна плажа „Komitsa“, која токму заради својата раскошна убавина е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.
EARLY BOOKING - Лето 2024
7% попуст за целосна уплата до 25.02.24
"Lazaridis" Неа Рода |
термин | МАЈ | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | ||||||||
26 | 05 | 15 | 25 | 05 | 15 | 25 | 04 | 14 | 24 | 03 | 10 | 17 | ||
бр. ноќи | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 7 | 7 | 7 | |
1/2+1 Studio | 300 | 450 | 500 | 550 | 600 | 650 | 650 | 650 | 650 | 600 | 400 | 350 | 300 |
- НАПОМЕНА
- - Цените се дадени за наем на апартман за 7 и 10 ноќи без вклучен превоз;
- - Во студијата може да се сместат најмногу 3 лица, двајца возрасни и дете до 12години.
- - Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.
- - Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд;
- - При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- - Сместувањето е првиот ден после 14:00 часот по локално време, a собите ги напуштате последниот ден во 09:00 часот по локално време;
- - Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот; По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите апартманот во пристојна (чиста) состојба;
- - Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место;
- - Клима - БЕСПЛАТНО!
- - Организиран превоз Скопје / Кавадарци;
- ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- - Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- - Доплата за патничко осигурување.
- - Доплата за туристичка такса 1.50€ од ноќ (се плаќа во агенцијата).
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.