Вила "Maria Pashalidou" - Неа Рода |
Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено... Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.
Вилата „Maria Pashalidou“ е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Пред вилата има играчки за децата. Во вилата располагаме со трoкреветни апартмани на прв и на втор спрат и еден петкреветен дуплекс апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
EARLY BOOKING - Лето 2024
7% попуст за целосна уплата до 25.02.24
"Maria Pashalidou" Неа Рода |
термин | МАЈ | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | ||||||||
26 | 05 | 15 | 25 | 05 | 15 | 25 | 04 | 14 | 24 | 03 | 10 | 17 | ||
бр. ноќи | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 10 | 7 | 7 | 7 | |
1/3 АПТ |
300 | 450 | 500 | 550 | 650 | 700 | 700 | 700 | 700 | 600 | 400 | 350 | 300 | |
1/5 дуплекс АПТ | 450 | 500 | 650 | 750 | 850 | 900 | 900 | 900 | 900 | 800 | 500 | 450 | 400 |
- НАПОМЕНА
- - Цените се дадени за наем на апартман за 7/10 ноќи без вклучен превоз;
- - Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд;
- - При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- - Сместувањето е првиот ден после 14:00 часот по локално време, a собите ги напуштате последниот ден во 09:00 часот по локално време;
- - Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот; По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите апартманот во пристојна (чиста) состојба;
- - Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место;
- - Клима - БЕСПЛАТНО!
- - Организиран превоз Скопје / Кавадарци;
- - Early booking попустот не е пресметан во ценовникот!
- ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- - Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- - Доплата за патничко осигурување.
- - Доплата за туристичка такса 1.50€ по соба на ден (се плаќа во агенцијата).
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.