TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

Велигден | Краков

  термин: 02.05-2ноќи|159 / 9.860мкд

 К Р А К О В 

 

Краков претставува стара полска престолнина, којa слободно можеме да го наречеме и „град музеј“. Стариот град на Краков се наоѓа во листата на светските културни наследства на УНЕСКО. Овој град секоја година го посетуваат помеѓу три и четири милиони туристи, а посебен дух му даваат и преку 100.000 студенти на Јагиелонскиот универзитет. 

 


Термин: 02 Мај 2024 | 5 дена | 2 ноќи | Автобус

 

1ден/ 02.05 (четврток) СКОПЈЕ - КРАКОВ
Состанок на групата на Дрводекор во 11.30. Тргнување за Краков во 12.00 ч. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности.


 2ден/ 03.05 (петок) КРАКОВ
Пристигнување во Краков во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот. Разглед на стариот дел на градот, срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Посета на Готскиот Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Разглед на Главниот плоштад, еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица…Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 04.05 (сабота) КРАКОВ - АУШВИЦ И БИРКЕНАУ
Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESCO). Враќање во Краков. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.


4ден/ 05.05 (недела) КРАКОВ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka – најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5ден/ 06.05 (понеделник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.


 Цена на аранжманот: 189€ / 11.720мкд

Промо цена: 159€ / 9.860мкд

FIRST MINUTE за уплата до: 15.02.2024 - 149€ / 9.240мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
- 2 ноќевања со појадок во 3* хотел во околината на Краков;
- Организација и придружник на патувањето;
- организација и реализација на патувањето;
Трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

Факултативна посета на Auschwitz-Birkenau - 40;
- Разглед на Краков со локален водич – 15€;
- Факултативна посета на рудникот за сол Wieliczka - 35€;
- Задолжителна туристичка такса 2,5€ по лице по ноќевање;
- Патничко и здравствено осигурување;
За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот;
Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот.


ФАКУЛТАТИВИ

Аушвиц - зачекорете во минатото низ патеките на студениот Аушвиц, најголемиот нацистички концентрационен логор за масовно уништување на еврејското население. Дознајте ја вистинската приказна, за се` она што се случувало зад бодликавите жици, во мрачните дрвени колиби и со вашата посета оддајте им чест на жртвите на Втората светска војна.

Рудник на сол - Wieliczka - Откријте го подземниот свет на солени тесни коридори, лавиринти, пештери, езера и капела со скулптури направени од кристали од сол. Со историја од над 700 години, со коридори долги 200km и длабочина од 327m, овој рудник е една од најголемите атракции во Европа.


Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници.
При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како аванс. Остатокот од аражманот се доплатува 7 дена пред поаѓање.
Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат.
Пасошот мора да има важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
Уплата исклучиво во денарска противвредност, 1€ - 62мкд.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување нa СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.