Вила "Billys" - Јерисос |
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која се простира до бесконечност па можете да шетате неколку километри пред да Ви исчезне песокот од под стапалата.На плажата која има Сино Знаме за чистота мноштвото дрвја им прават природна ладовина на туристите, а жедта од сонцето можете да ја угасите во неколкуте барови кои се распослани во линија на морскиот брег. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami. Kakoudia е вистинско чудо на природата, се наоѓа на 1,5 км од Јерисос и ја карактеризираат карпи кои се издигнуваат и до десетина метри од плажата. Ksiropotami е сосема дива плажа, оддалечена 6 км од Јерисос и место за љубителите на мирот и спокојството-без многу туристи, без барови и музика-само песок и бистро море кое секогаш е мирно, дури и кога во Јерисос водата умее да се разбранува. На 6 км од Јерисос се наоѓа местото Каково, или Мило Арсеница каде имаат пристап и жените. Манастирот е имот на српскиот манастир Хиландарна Света Гора, има околу 2000 хектари шума и сопствена пилана, езеро со рибник, маслинки...Според прикажувањата, Хиландар го добил овој имот пред многу векови од еден турски бег кој не можел да има деца. Со помош на неколку зрна грозје од чудотворната лоза која веќе осум века расте и раѓа на гробот на Свети Симеон на Хиландар турскиот бег добил добил наследник. Во знак на благодарност сакал својот син да го подари на манастирот, но кога монасите го одбиле,тој им го дарувал имотот кој имал преку 2000 хектари површина. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амоулиани.
Вила “Billys” се наоѓа на одлична локација на само 30 метри од песочната плажа, на самиот почеток на главното шеталиште, над fast food-caffe ‘Streat’, спроти caffe bar ‘Theatro’. Куќата располага со апартман и дуплекс апартман. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг на 15 метри од вилата во правец на плажата.
Апартман број 1 (1/4+1 ) – прв кат, со директен поглед море од огромна тераса со маса и столови. Апартманот е простран и има брачен кревет + 1 стандарден кревет на извлекување во спална и софа + кревет на извлекување во кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Од двете соби се излегува на тераса. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 2 (1/6+1) – прв кат, многу простран и голем апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна) и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има брачен кревет + 1 стандарден кревет во спална и 2 софи на извлекување во кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). И на двете тераси и во кујната има маси и столови. GPS Coordinates: 40.399927, 23.880494
Early booking
-5% за вон сезонски термини и 12% за термини во сезона | 50% уплата до 24.02.24 | 50% доплата до 06.04.2024
ВОНСЕЗОНСКИ ЦЕНИ
"Billys" Јерисос |
термин | МАЈ | ЈУНИ | СЕПТЕМВРИ | ||||||
26 | 02 | 09 | 16 | 23 | 01 | 08 | 15 | 22 | ||
бр. ноќи | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | |
1/3+1 APT број 1 плаќаат мин. 2 лица |
139 | 159 | 199 | 239 | 259 | 239 | 199 | 149 | 119 | |
1/6 APT број 2 плаќаат мин. 3 лица |
99 | 119 | 149 | 179 | 189 | 179 | 149 | 109 | 99 |
СЕЗОНСКИ ЦЕНИ
"Billys" Јерисос |
термин | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | ||||||
30 | 07 | 14 | 21 | 28 | 04 | 11 | 18 | 25 | ||
бр. ноќи | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | |
1/3+1 APT број 1 | 599 | 629 | 669 | 669 | 669 | 669 | 669 | 669 | 649 | |
1/6 APT број 2 | 629 | 659 | 699 | 699 | 699 | 699 | 699 | 699 | 669 |
НАПОМЕНА
-
-
- Пред и по сезона цените се однесуваат по лице за 7 ноќи со вклучен превоз.
- За сопствен превоз се намалува 10€ по лице во термините со превоз: пред и по сезона.
- Цените во сезона се дадени за наем на апартман, без вклучен превоз.
- Доплата за превоз:
- Возрасни 50€ повратна / 40€ во еден правец.
- Деца до 12 год. 40€ повратна / 35€ во еден правец.
- Деца до 2 години бесплатно, не користи седиште.
- Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со возрасен.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност 1€=62мкд.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50€ на ден по студио/апартман.
- Агенцјата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
-
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.