TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

Велигден / Прага

термин: 01.05-3 ноќи | 179 / 11.100мкд


ПРАГА со посета на ВИЕНА

Факултативна посета на Карлови Вари - Дрезден

 

 

 Автобус | 6 дена - 3 ноќи / термин: 01 Мај 2024



1ден/ 01.05 (среда)  СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски, во 11:30ч. Поаѓање на автобусот 12:00ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.


2ден/ 02.05 (четврток)  ПРАГА
Очекувано пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање


3ден/ 03.05 (петок)  ПРАГА - ДРЕЗДЕН
ПојадокПредлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Ноќевање. 


4ден/ 04.05 (сабота)  ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка. Враќање во Прага во доцните попладневни часови. Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време. Можност за посета на пивница во средновековен амбиент со спектакуларна програма и вечераНоќевање. 


5ден/ 05.05 (недела)  ПРАГА - ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT. По пристигнувањето  во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св.Стефан... Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.


6ден/ 06.05 (понеделник)  СКОПЈЕ
Очекувано пристигнување во Скопје во пладневните часови ( во зависност од граничните премини)


 Цена на аранжманот: 199€ / 12.340мкд

Промо цена: 179€ / 11.100мкд (за уплата до 01.03.2024)


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус;
  • - 3 ноќевања со појадок  во хотел 3* во Прага;
  • - Организација и водство на програмата;
  • - Посета и разглед на Виена;
  • - Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF;
  • - Организација на аранжманот;
  • - Лиценциран туристички придружник;

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Разглед на Прага со локален водич - 15€;
  • - Факултативен излет Карлови Вари - 35€;
  • - Доплата за еднокреветна соба - 5.500мкд;
  • - Крстарење со брод по Влтава - 20€;
  • - Доплата за седиште по избор - 20€;
  • - Влезници за музеи и локалитети;
  • - Целодневна посета на Дрезден - 45€;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително);
  • - Туристичка такса 3 евра по лице на ден,се плаќа во агенцијата.
  • - Доплата за  дополнително седиште - 150€;

Напомена:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МЕДИТЕРАН

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.