TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

Велигден | Милано

термин: 02.05-2 ноќи | 149 / 9.240мкд


М И Л А Н О


со факултативен излет до
 Лугано - Комо - Сирмионе

 

Милано, главниот град на Ломбардија, има население од 1,3 милиони луѓе. Тој е најголемиот индустриски град на Италија со многу различни индустриски сектори. Тоај е магнетна точка за дизајнери, уметници, фотографи и модели. Милан има антички дел во центарот на градот со високи згради и интересни palazzos, која е причината зошто толку многу луѓе од целиот свет сакаат да го видат градот на гламур. Милано отсекогаш бил богат и значаен град. Тој отсекогаш бил место полно со разни познати уметници и нуди посебен асортиман на цркви, згради и споменици. Милано претрпел промена на културата и уметноста во ренесансата со голем придонес во периодот од неокласицизам. Милано нуди голем број на згради, споменици и музеи. Најважната црква е катедралата, која е трета по големина црква во светот.
 

 

Термин: 02 мај 2024 | 5 дена / 2 ноќи Автобус 



1ден/ 02.05 (четврток)  СКОПЈЕ 
Состанок на групата на Дрводекор во 11:30, поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.


2ден/03.05 (петок)  МИЛАНО
Пристигнување во Милано во утринските часови. Следува факултативен разглед на Милано со лиценциран водич: SforcescoCаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо – катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По разгледот, сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.


3ден / 04.05 (сабота)  МИЛАНО - ЛУГАНО - КОМО - МИЛАНО
ПојадокСлободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza dellaReforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посетана мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Дококу дозволат временските услови, можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Во договорено време враќање во Милано. Слободно индивидуално време. Ноќевање.


4ден/ 05.05 (недела) МИЛАНО -  СИРМИОНЕ 
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот Сирмионе (задолжителна факултативна посета). Живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. По посетата на Сирмионе, се упатуваме кон шопинг центарот Palmanova Outlet Village. Слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија…


5ден/ 06.05 (понеделник)  СКОПЈЕ
Предвидено пристигнување во Скопје во претпладневните часови.


Цена на аранжманот: 189€ / 11.720мкд

Промо цена: 159€ / 9.860мкд (со задолжителен пакет факултативи од 70€)


Во цената на аранжманот е вклучено:
Превоз со високотуристички автобус;
2 ноќевања со појадок  во хотел 3* во Милано;
Организација и водство на програмата;
Организација на аранжманот;
Лиценциран туристички придружник;
Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река(Сирково) и Велес.
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување;  
- Разглед на Милано - 15€;
- Факултативен излет за Лугано и Комо - 50€;
- Посета на Сирмионе 10€ – (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА);
- Крстарење по езерото Комо 15€ – оваа факултатива не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо, истото се договара на лице место со локалните;
- Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање;
- Доплата за еднокреветна соба,дополнителни 70% од цената на аранжманот;
- Доплата за избор на седиште - 20€;
- Доплата за дополнително седиште - 150€;
- Патничко осигурување;
- Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на излетите и посетите по денови и сатници.
Пакетот факултативи од 70 евра вклучува: разглед на Милано со водич, посета на Лугано и Комо и посета на Сирмионе.
Факултативата крстарење по езерото Комо не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо.
Факултативната посета на Сирмионе е ЗАДОЛЖИТЕЛНА за посета за сите патници присутни во групата.


Напомена:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.