TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

Велигден| Белград

термин: 03.05 - 2ноќи | 119€ / 7.380мкд

Б Е Л Г Р А Д

Нови Сад - Петроварадинска Тврдина - Сремски Карловци

 
Tермин: 03 мај 2024 | 3 дена / 2 ноќи со aвтобус 



1ден/ 03.05 (петок) ШТИП - БЕЛГРАД
Поаѓање од Неготино, Велес, Штип, Скопје и Куманово. Планирано време за поаѓање кон Белград во раните утрински часови околу 01:00 часот, патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови, со локалниот водич се упатуваме кон разглед на Белград (автобус+пешачка тура), Белградската тврдина, Калемегдан како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова. Во договорено време собир со групата и упатување кон хотел, сместување. Слободно време или факултативно забава во ресторан со жива музика на Скадарлија. Ноќевање.


2ден/ 04.05 (сабота) БЕЛГРАД - НОВИ САД 
Појадок. Планирано поаѓање во 09 часот кон факултативен целодневен излет до Нови Сад и Сремски Карловци со локален водич. Прво пристигнуваме во Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн... Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на две вина од кои едно од нив било на менито на Титаник(Бермет). Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе и ручек. Во договорено време се враќаме за Белград. Ноќевање.            


3ден / 05.05 (недела) БЕЛГРАД - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Одјавување од хотелот околу 08:30 часот. Се упатуваме према факултативно крстарење на Дунав и Сава околу час и половина. На крај од програмата се упатуваме према трговски центар Ушче, слободно време за индивидуални прошетки во трговскиот, време за ручек, кафе или шопинг… Околу 15 часот планирано време за поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.


 Цена на аранжманот: 129€ / 8.000мкд
Промо цена: 119€ / 7.380мкд (за уплата до: 10.04.2024)


 Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз на наведената релација со туристички автобус;
2 ноќевања со појадок во хотел  3* во Белград;
Разглед на Белград со локален водич;
- Дегустација на вино во Сремски Карловци (за патниците кои доаѓаат на факултатива);
- Пратител на групата за времетраење на аранжманот;
- Организација на патувањето.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

- Задолжително патничко и здравствено осигурување;
- Туристичка такса од 1.5€ / 90 денари по ден (се плаќа во агенција);
- Факултативи: СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ (со вклучена дегустација) + ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА + НОВИ САД - 25 (со локален водич);
- ФАКУЛТАТИВНО КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ И САВА - 20;
- Индивидуални трошоци.


Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници во спротивно, крајниот рок за известување околку евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датум на поаѓање;
  • Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10€ по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето;
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот, комплетна доплата 14 дена пред поаѓање;
  • Уплата исклучиво во денари. 

За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.