TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

Велигден | Будва

термин: 02.05 - 2ноќи | 99 / 6.140мкд

 

Б У Д В А

Острог - Дубровник - Котор 

 

  

Термин: 02 Мај 2024 | 4 дена - 2 ноќи | Aвтобус


 

1ден 02.05 (четврток)   ШТИП / СКОПЈЕ - БУДВА
Состанок на групата. Поаѓање за Црна Гора во вечерните часови. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден 03.05 (петок)  БУДВА
Пристигнување во раните утрински часови во Бар, она што ќе го посетиме е храмот посветен на Јован Владимир кој како симбол на градот го отсликува православието. По посетата продолжуваме кон Будва. Сместување во вили кои располагаат со студиа со сопствено купатило. Слободно време за  индивидуална прошетка низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва, посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот...или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.


3ден 04.05 (сабота)  БУДВА - ДУБРОВНИК - КОТОР
Во раните утрински часови поаѓање за Дубровник на целодневен факултативен излет. Патувањето се одвива преку Тиват со траект. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија...Во договорено време поаѓаме кон Котор. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола...Наш предлог е искачувањето на Которската тврдина со единствен поглед на Которскиот залив. Враќање во Будва. Ноќевање.


4ден 05.05 (недела)  БУДВА - ОСТРОГ - МАКЕДОНИЈА
Напуштање на апартманите и поаѓање кон Острошки манастир - најпосетениот манастир во Црна Гора, каде се наоѓаат чудотворните мошти на Св.Василиј Острошки.... Патниците ќе имаат можност да бидат присутни во третото место по посетеност во светот на православието на најголемиот верски празник ВЕЛИГДЕН. Поаѓање за Макединија во попладневните часови. Пристигнување во доцните вечерни часови.


Цена на аранжманот: 109€ / 6.760мкд
Промо цена: 99€ / 6.140мкд 


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  •  – Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
  •  – 2 ноќевања во приватни вили;
  •  – Посета на Острошки манастир на Велигден;
  •  – Организација, реализација и придружник на патувањето.

 Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • – Факултативен излет на Дубровник и Котор  35 евра;
  • – Туристичка такса на Острог - 1 еврo  (Се плаќа во автобус) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО;
  • – Влезници за музеите и културно историските споменици;
  • – Задолжително патничко и здравствено осигурување;
  • – Задолжителна туристичка такса 1е по лице на ден (се плаќа во агенцијата).

 Напомена: 

  • - За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
  • МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ВАЖЕЧКА ЛИЧНА КАРТА ДО ДЕН НА ВАЖНОСТ НА ИСТАТА;
  • - Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,комплетна доплата 10 дена пред поаѓање.
  • - Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;
  • - Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • - Уплата исклучиво во денари.

 За овој аранжман важат Општите услови на патување наСКТМ.

  

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.