TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

Велигден / Букурешт

термин: 02.05 - 3ноќи | 143 / 8.870мкд

Б У К У Р Е Ш Т

 

Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот. Главниот град на Романија е исполнет со мешавина од огромни историски градби, брутални комунистички блокови и модерни дизајни од 21-от век. Овој град многу брзо го граби вниманието како конкурентен на сите популарни city break дестинации, претставувајќи се со својот чудесен спој на модерната Европа и егзотичниот Исток. Букурешт е слика на контрасти преточени во метропола со живописен карактер! Кога светот би бил една голема сцена, тогаш Букурешт има заслужено место под рефлекторот. Љубов, предавништво, освојување од Руски цареви, Француски ваудевил, Венецијански трговци, Грчка трагедија, 2 големи пожари - Букурешт доживеал се! Овој град е најдобар пример за нејасната врска меѓу Отоманската империја и Романската земја. Иако никогаш не бил Отомански град, дели многу од аспектите со градовите од таа област и влијанието на империјата. Еден од тие аспекти била дивизијата Махалас. Махалас биле мали квартови во градот кои поттикнувале градење на религиозни згради во кои најчесто се населувала хомогена заедница на луѓе кои припаѓаат на иста етничка, социјална или религиозна група. Како што растел градот, овие квартови прераснувале во големи населби кои поднеле бран на модернизација и уништување во периодот на комунизмот.

 

 

Автобус 5 дена / 3 ноќи - термин: 02 Мај 2024


 
 

1ден/ 02.05 (четврток)  СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ
Собир на групата пред хотел Русија. Поаѓање кон Романија во 19 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.


2ден/ 03.05 (петок)  БУКУРЕШТ
Очекувано пристигнување во утринските часови во Букурешт по што веднаш се започнува со разглед на градот. Започнуваме со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа - Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело. Плоштадот на Револуцијата е следното место на посета. Тука ќе се запознаеме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија. Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилванија. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква - Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес, со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква. Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti , се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која два века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19-от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта организирана прошетка низ стариот дел на градот со организиран превоз и придружник (факултативно - 5 евра). Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 04.05 (сабота)  БУКУРЕШТ - замокот ПЕЛЕШ - БРАН - БРАШОВ
Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет кон Трансилванија. Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов. Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилванија и Влашка, изградена во неоренесансен стил - грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3200m2 површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6000 парчиња кои ви го одземаат здивот. БРАН “домот на Дракула” - Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер - домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа (Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920 година замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006 година, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија - Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место. Лоциран во централна Романија, Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати. Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза / порти кои сè уште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско - ренесансен стил во Југоисточна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 година. Враќање во Букурешт во вечерните часови и сите заедно се упатуваме во црквата Св. Ѓорѓија во Букурешт да ја проследиме целосната церемонија за Велигден. По завршување на целосната церемонија сите заеднички се упатуваме кон хотел пешачејќи со запалени свеќи во име на традицијата која што ја има Романија за овој Христијански празник. Ноќевање.


4ден/ 05.05 (недела)  ТЕРМАЛНИ БАЊИ - СКОПЈЕ
Појадок. Околу 10 часот факултативно заминување кон Термалните Бањи кој се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот. Дозволете си едно поинакво утро и 3 часовно целосно опуштање во Термалните Бањи. Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за да избегнете од секојдневниот градски живот. За сите останати што нема да ги посетат Термалните бањи имаат слободно време во трговскиот центар. Враќање во хотел во договорено време, слободно време за одмор. Вечерта слободно време за индивидуална прошетка низ Букурешт. Ноќевање.


5ден/06.05 (понеделник) БУКУРЕШТ - СНАГОВ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Следува одјавување од хотел. Факултативна посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Снагов се наоѓа на Влашката Низина, на брегот на езерото Снагов најголемото природно езеро во Романија , кое е опкружено со стара дабова шума. Посета на манастирот во Снагов и можност да се види резиденцијата на Чаушеску. Слободно време. Во договорено време Поаѓање за Македонија Очекувано пристигнување во Македонија на 07.05-Вторник, во раните утрински часови.


Цена на аранжманот: 189€ / 11.720мкд

Промо цена: 159€ / 9.860мкд

За резервации до 12.04.24: 143€ / 8.870мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на релација Скопје - Букурешт - Скопје;
  • 3 Ноќевања со појадок во Хотел 3*;
  • Разглед на градот Букурешт со водич;
  • Туристичка такса;
  • Пратител и организација на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативна вечерна организација (прошетка низ стариот дел на градот, со организиран превоз и придружник) - 5€;
  • Факултативен излет „Трансилванија“ : Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула (Влезницата за замокот не е вклучена. Возрасни - 12€, студенти - 8€ и посета на градот Брашов (со превоз и пратител): возрасни - 45€ / студенти - 35€;
  • Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (40 превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
  • Факултативна посета на езерото Снагов (со вклучена влезница во манастирот ) - 20€;
  • Патничко осигурување.

Напомена:

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници;
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд;
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 7 дена пред поаѓање.


За овој аранжман важат Општите услови за патување на Медитеран и СКТМ

{uniform form=8/}

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.