TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

Април | Острог

термин: 26.04 - 1ноќ | 1.699мкд

 

ОСТРОШКИ МАНАСТИР

со посета на Будва

 

  

Термин: 26 Април 2024 | 3 дена - 1 ноќ | Aвтобус


 

1ден 26.04 (петок)   МАКЕДОНИЈА - ЦРНА ГОРА
Состанок на групата и поаѓање од: Делчево, М.Каменица, Виница, Штип, Велес, Скопје. Заминување кон Црна Гора во 20:30 часот (ноќно возење). Се патува преку Косово, Албанија, Црна Гора со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден 27.04 (сабота)  БУДВА - ОСТРОШКИ МАНАСТИР 
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Фото-пауза кај Свети Стефан. Се упатуваме кон Будва. Слободно време за прошетка во градот, прошетка по Словенска Плажа, прошетка во стариот град... Во попладневните часови се упатуваме кон Манастир Острог. Пристигнувањето во манастирот Свети Василие Острошки и  факултативен разглед на околината каде се наоѓа манастирот посветен на Св. Троица и црквата посветена на Светиот маченик Станко, овчар од селото Подвраќе кај Даниловград, на кого му се пресечени рацете и е погубен од Турците во 1712 година. По желба искачување пешки или со локален минибус до Горниот Манастир. Поклонение на моштите на Светителот. Вечерната служба почнува во 17 часот. Посетителите кои ноќеваат во Долниот конак, до 21-22 часот потребно е да се сместат во собите во конакот каде ќе преноќат.


3ден 28.04 (недела) ОСТРОШКИ МАНАСТИР - МАКЕДОНИЈА
Факултативно – во недела наутро присуство на Литургијата во Горниот манастир, која вообичаено се одржува од 06:00 до 07:30. Спуштање до Долниот конак. Во Долниот Манастир литургијата започнува во 08:00 ч. Средба на целата група и во 09:00 заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.


Цена на аранжманот:  1.699мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус;
    - Фото-пауза кај Св.Стефан;
    - Посета на Будва;
    - Ноќевање во Горниот конак или манастирскиот двор;
    - Придружник за време на патувањето.


 Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Ноќевање во Долниот конак - 5 (се плаќа во конакот);
    - Превоз (по избор) со локален минибус од Долниот до Горниот Манастир по цена од 1€ по лице во правец;
    - Патничко осигурување. 


 Напомена: 

  • - За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
  • - Може да се патува и со лична карта;
  • - Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.

 За овој аранжман важат Општите услови на патување наСКТМ.

  

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.