TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

24 Мај | Будимпешта

 термин: 02.05-2 ноќи129 / 8.000мкд 


Б У Д И М П Е Ш Т А

со факултативна посета на ВИЕНА - СЕНТ АНДРЕА

 

 

 

Термин: 23 Мај 2024 / 4 дена - 2 ноќи Автобус 



1ден/ 23.05 (четврток)  СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок со групата на Дрводекор во 18:00 часот, поаѓање во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден/ 24.05 (петок)  БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува факултативен панорамски разглед на градот со водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта се упатуваме на крстарење со брод на Дунав, преубаво искуство под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта. По крстарењето, враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 25.05 (сабота)  БУДИМПЕШТА - ВИЕНА
Појадок. После појадокот, целодневна факултативна посета на Виена. Градот на кој секогаш сите му се враќаат. Панорамски разглед на Виена - булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург, дворецот Шенбрун кој се наоѓа западно од Внатрешниот град (Innenstadt - името на првата виенска област), влезницата во дворецот не е вклучена во цената. По разгледот, следува слободно време за индивидуални прошетка низ центарот на Виена, ручек, шопинг... Во договореното време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.


4ден/ 26.05 (недела)  БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА
Појадок. Напуштање на хотелот за посета на Сент Андреа (задолжителна факултативна посета - 15 евра по лице). Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи.


5ден/ 27.05 (понеделник)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.


 Цена на аранжманот: 159€ / 9.860мкд
Промо цена: 129€ / 8.000мкд (со задолжителна резервација на пакет факултативи од 85€)


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус;
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта (околина);
  • Организација на аранжманот;
  • Лиценциран туристички придружник;

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување;
  • Разглед на Будимпешта со локален водич - 15€;
  • Посета на Виена (влезница во дворецот Шенбурн не е вклучена) - 40€;
  • Крстарење со брод по реката Дунав - 25€;
  • Посета на Сент Андреа - 15 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА);
  • Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 по лице по ноќевање;
  • За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот;
  • Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот;
  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%.

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.