TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

24 Мај / САНТОРИНИ

термин: 21.05-3ноќи | 269 / 16.680мкд

 С А Н Т О Р И Н И


Санторини е мал, тркалезен архипелаг на вулкански острови сместен во јужниот дел на Егејското море. 
Покрај класичната грчка сино-бела бајка, Санторини е единствениот остров на кој портокаловите и црвени земјени нијанси се мешаат со жолтото сонце, зелените површини и пастелните фасади. Санторини е некогашен вулкан, и тоа многу активен, сместен 300km југоисточно од Атина. Самата мешавина од карпи и сол ја создала фантастичната палета од бои и нијанси по кои е препознатлив овој грчки остров. Тука грчката култура на живеење е доведена до хедонистички врв. Нешто што не се пропушта е дегустацијата на врвни локални вина, бројни салати и морски плодови. Дури и плажите на Санторини доаѓаат во многу облици и бои. Всушност, мапата на плажи е распоредена по боите - Црвена плажа, Бела плажа, Црна плажа... Санторини е едно од ретките места каде можете буквално да лежите на лава. Плажите со црн и топол песок се туристичка атракција која не смее да ја пропуштите, а воедно се и неверојатно мирни и тивки дури и во врвот на сезоната. Што се однесува до урбаната страна и самата градба, ако се упатите кон Санторини и прошетате низ најпознатото туристичко место Оиа, сигурно ќе искачите неколку илјадници скалила за само неколку дена. За крај, пронајдете си го омиленото место и дозволете му на зајдисонцето да го финишира ова прекрасно патување.

 

 

Tермин: 21 Мај 2024 | 6 дена / 3 ноќи | Aвтобус

   

1ден/ 21.05 (вторник)  СКОПЈЕ - ПИРЕА
 Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 15:00ч. Се патува преку граничен премин Богородица со попатни паузи.


2ден/ 22.05 (среда)  ПИРЕА - САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25ч. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30 часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување во хотел. Препорачуваме посета на Фира балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на Санторини. Слободно време за индивидуални прошетки и вечера во некоја од автентичните ресторани во Фира. , највисокото населено место на островот, прошетка низ тесните калдрмести улички.... ќе се искачиме до црквата Света Марија и старата Венецијанска тврдина (една од петте на островот). Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 23.05 (четврток)  САНТОРИНИ - АКРОТИРИ - МЕГАЛОХОРИ - ФИРА
Појадок. Целодневен факултативен излет - FULL DAY SANTORINI. Посета на селцето Акротири ,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа. Продолжуваме кон автентичнито живописно селце на островот, Мегалохори... Продолжуваме кон Фира, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи се до Фиростефани со преубав поглед од Калдерата... во Фира слободно време за  индивидуална прошетка и фотографирање, шопинг и индивидуален ручек во некоја од локалните таверни...Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.


4ден/ 24.05 (петок)  САНТОРИНИ - ПИРГОС - OIA
ПојадокЕксурзијата започнува со посета на Пиргос највисокото населено место на островот, прошетка низ тесните калдрмести улички.... ќе се искачиме до црквата Света Марија и старата Венецијанска тврдина (една од петте на островот). Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина.  Во договорено време заминуваме накај Oia,најбајковитото село на Санторини, посебно познато по најубавиот залез на сонцето....Враќање во хотел. Ноќевање.


5ден/ 25.05 (сабота)  САНТОРИНИ - ПИРЕА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите. Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.


6ден/ 26.05 (недела)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.


Цена на аранжманот: 299€ / 18.540мкд

Промо цена: 269€ / 16.680мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено: 
- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје - Пиреа - Скопје;
- Трансфер со брод на релација Пиреа - Санторини - Пиреа;
- Трансфер пристаниште - хотел - пристаниште;
-  3 ноќевања со појадок  во Hotel Iliada&Odyseass Resort 4* во Периса;
- Организација и придружник на патувањето.


 Во цената на аранжманот не е вклучено: 
- Вечерна посета на Фира - 20€;
- Посета на Пиргос и Oia (Иа), залез на сонце - 40€;
Full day Santorini – (превоз + водич) - 50€;
- Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј (превоз+влезница за винарија+водич) - 30€; 
- Посета на Пиргос 15€.

- ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 150 Еур по лице 
- Доплата за еднокреветна соба 4.200денари; 
- Доплата за седиште по избор 20€
- Доплата за празно седиште 150€
- Задолжително патничко осигурување;
- Туристичка такса (6€ по лице за три ноќи - се плаќа во агенција).


Напомена:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.


За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.