TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

24 Мај | Луковска Бања

термин: 24.05 - 2ноќи | 159 / 9.860мкд

 

Л У К О В С К А  Б А Њ А

 

Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Јелак во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.



Термин:24 Мај 2024 | 3 дена - 2 ноќи | Автобус

 

1ден/ 24.05 (петок) СКОПЈЕ - ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Околу пладне пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Бела Јела 4*. Слободно попладне за одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.


2ден/ 25.05 (сабота)  ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Во 10.00 часот заминување на прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања во прекрасна природа по т.н. Патеки на здравјето, Горни Вирови, Милутиново Купатило, Луковска Река... Враќање во хотел. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на велнес содржините на хотелот.  Вечера. Ноќевање.


3ден/ 26.05 (недела)  ЛУКОВСКА БАЊА 
ПојадокПојадок. Напуштање на собите до 10.00 часот. Заминување за Маедонија во 11.00 часот. Дневно патување со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.


   Цена на аранжманот: 179€ / 11.100 мкд

Промо цена: 159€ / 9.860 мкд (за уплата до: 30.04.24)


 Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација.
Сместување во Хотел Бела Јела 4* на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса).
Исхрана на база 2 полупансиони (појадок и вечера шведска маса) .
– Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
– Користење на Велнес центар (солена соба, парно купатило, сауна, топли клупи – тепидариум, релакс зона).
– Организирана прошетка низ Луковска Бања со локален водич.
– Туристичка такса.
– Организација и реализација со туристички придружник.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување;
– Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

– Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 30€/1.860ден (на барање).
– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на возрасен (на барање).
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума.
– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860мкд  (на барање).
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Доплата за дополнително седиште во автобус -35€/2.170ден
– Намалување за сопствен превоз -20€/1.240ден од патник.


НАПОМЕНА:

- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.


 За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.