TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

24 Мај | Пролом Бања

термин: 24.05 - 2ноќи | 145 / 8.990мкд

 

П Р О Л О М   Б А Њ А

 


Термин: 24 Мај 2024 | 3 дена - 2 ноќи | Автобус

 

1ден/ 24.05 (петок)  СКОПЈЕ - ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес центарот на хотелот.Вечера. Ноќевање.


2ден/ 25.05 (сабота)  ПРОЛОМ БАЊА - ЃАВОЛА ВАРОШ 
Појадок. По појадокот следува заминување на факултативен излет со автобуски превоз и локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, избран е во ТОП 77 во изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.


3ден/ 26.05 (недела)  ПРОЛОМ БАЊА - ЛАЗАРИЦА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Во 10.00 часот организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Заминување кон Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.


 Цена на аранжманот: 165€ / 10.230 мкд

Промо цена: 145€ / 8.990 мкд (за уплата до: 30.04.24)


 Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација.
Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса).
Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера на база шведска маса).
Користење затворено отворен базен со лековита Пролом вода.
Користење Велнес центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум.
– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич .
– Туристичка такса.
– Организација и реализација со туристички придружник.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување.
– Излет до Ѓавола Варош (автобуски превоз, локален водич и влезница) - 5€ доплата на лице место.
– Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
Доплата за еднокреветна соба +30€/1.860ден.
– Дете 2-7год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 30€/1.860мкд.
– Дете 7-12год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни добива -50% попуст.
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање).
– Намалување за сопствен превоз -20€/1.240ден по патник.
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта).
– Доплата за дополнително седиште во автобус -40€/2.480ден.


НАПОМЕНА:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.


 За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.