|
Вила "MEDITERAN" - Неи Пори |
||
|
Бесплатно сместување за 3-то лице во студио |
Вила “MEDITERAN” се наоѓа во близина на луна паркот во Неи Пори, во првиот ред до плажа. Располага со убаво уредени трокреветни студија и апартмани со една спална за 4 лица, со комплетно нови купатила и кујни. Во трокреветните студија има еден брачен кревет и еден петосед (погоден за 2 деца или едно возрасно лице). Во апартманите со една спална има еден брачен кревет во спалната и уште еден брачен кревет во кујната. Секое студио/апартман е комплетно опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..., тоалет, балкон со масичка со столчиња (со поглед кон улицата од студијата и поглед на море), клима, ТВ, гардеробер. Wi-Fi интернет - Бесплатен. Студијата и апартамните се во сопствен закуп на Медитеран и се на I кат и се со одличен квалитет на сместување и страничен поглед на плажа/море. Гостите со сопствени возила може да паркираат пред вилата. Ви посакуваме пријатен престој.
EARLY BOOKING - Лето 2026
10% попуст за резервации до 31.12.25 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70% до 01.02.26)
7% попуст за резервации до 01.02.26 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70% до 01.03.26)
| "MEDITERAN" Неи Пори |
термин | МАЈ | ЈУНИ |
ЈУЛИ | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | ||||||||||||||
| 20 | 27 | 03 | 10 | 17 | 24 | 01 | 08 | 15 | 22 | 29 | 05 | 12 | 19 | 26 | 02 | 09 | 16 | 23 | ||
| бр. ноќи | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 | 7 | 7 | 7 | |
| 1/3 студио |
125 | 145 | 165 | 205 | 235 | 265 | 505 | 555 | 615 | 615 | 615 | 615 | 615 | 565 | 525 | 275 | 245 | 205 | 165 | |
| 2+2 апартман | 145 | 175 | 205 | 235 | 265 | 295 | 575 | 635 | 715 | 715 | 715 | 715 | 715 | 655 | 585 | 305 | 275 | 235 | 185 | |
|
опис на ценовникот |
по лице со превоз |
цени за наем без превоз |
по лице со превоз |
|||||||||||||||||
НАПОМЕНА
- - Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 3-то и 4-то лице во апартман - БЕСПЛАТНО сместување;
- - Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- - Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- - При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- - Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во студио и 3-то и 4-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- - Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
- - Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- - Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- - Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- - Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
- - Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН!!
- - Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- - За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- - За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- - Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
- - Доплата за клима 6€ од ден (студио), 8€ од ден (апартман);
- - Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- - Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.
| Автобуски превоз НЕИ ПОРИ, според термини од табелата | Патни Информации | ||
| Град на поаѓање | Mесто на поаѓање | Време на поаѓање | Скопје - Неи Пори (310km) |
| Куманово: | (бензинска Макпетрол - автопат) | 04:15h |
Скопје - Катерини - Неи Пори
Трошоци во еден правец: |
| Скопје: | (пред хотел Континентал) | 05:00h | |
| Штип: | (паркинг пред нова пошта) | 05:00h | |
| Велес: | (бензинска, мотел Македонија) | 05:45h | |
| Неготино: | (бензинска, Макпетрол) | 06:15h | |
| Г.П. Богородица: | (бензинска, Oкта / Богородица) | 07:00h | |
| Поаѓање од Неи Пори: | 15:00 по МК време / 16:00 по ГР време (пред вилата) |
||
За овој аранжман важат општите услови на патување на МеДИТеРАН.
Погледнете останата понуда / Сопствен закуп
GPS Coordinates: 39.979511, 22.645420
